Европа
Штајнамер: Турција треба што поскоро да ја заврши вонредната состојба

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер остро во четвртокот ја критикуваше забраната на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган според којашто целиот академски персонал во Турција на смее да ја напушта земјата а на оние научниците кои се во странство им е наложен да се вратат во земјата, и ја повика Анкара воведената воведената состојба да ја заврши што поскоро.
„Укинувањето на дозволите за одржување настава за универзитетските професори и забраната научниците да ја напуштаат земјата за истражувања во странство, сето тоа се мерки кои не може ниту да се замислат во согласност со владеењето на правото и, што е уште поважно, со турските закони“, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер пред состанокот на околу 30 министри за надворешни работи и министри за одбрана во Вашингтон, кои треба да разговараат за заедничката борба против екстремната сунитска организација Исламска држава.
Штајнмаер изрази надеж дека Турција нема да ја продолжува вонредната состојба по сега одредените три месеца.
„Ние и натаму очекуваме дека Турција ќе се придржува до владеењето на правото и дека нема да ја продолжува вонредната состојба. Сето друго би ја зголемило напнатоста во Турција и би ѝ штетело на самата земја“, заклучи германскиот министер за надворешни работи.
Штајнмаер уште во средата ги предупреди турските власти да го задржат владеењето на правото и чувството на пропорционалност во својот одговор на обидот за воен преврат и да не ги обвинуваат „мрачните сили“ надвор од земјата во новонастанатата ситуација.
Штајнмаер претходно во четвртокот за новинарите во Берлин изјави дека не може да каже дали е потребно воведувањето на вонредната состојба, бидејќи Германија нема независни информации за тоа колку се бројни приврзаниците на пучот. Турција, рече, ги видела снимките на бруталноста на приврзаниците на ударот во текот на викендот, но и натаму ја повикува Турција да остане воздржана во својот одговор./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин