Европа
Стапуваат на сила продолжените санкциите на ЕУ против Русија
Одлуката на Советот на Европската унија за продолжените на економските санкции против Руската Федерација, воведени поради наводната улога на Москва во украинската криза, и кои ќе траат до 31-ви јули 2016 година, стапија во вторникот, откако одлуката официјално беше објавена во службениот весник на ЕУ, додека Москва тврди дека Брисел со ова сака да се оправда за својот неуспех во настојувањата докрај да бидат спроведени договорите од Минск
„Економските рестриктивни мерки против Руската Федерација ќе важат до 31-ви јули 2016 година“, се наведува во документот. Се истакнува дека следното преиспитување на режимот на санкции треба да се одржи пред споменатиот датум, водејќи сметка степенот од спроведените одредби произлезени од договорот во Минск за надминување на конфликтот во југоисточните делови на Украина.
Во документот се потсетува дека на 18-ти март годинава Европскиот совет на самитот на ЕУ донесе решение за преземање „неопходни мерки за директно врзување на траењето на санкциите со имплементацијата на договорот од Минск“.,
„Доколку договорот од Минск не биде целосно реализиран до 31-ви јануари 2016 година, важноста на санкциите ќе биде продолжена, а Советот ќе продолжи да го оценува напредокот остварен во спроведувањето на договореното“, е појаснува во објавата.
„Вештачка и неразумен“ е обидот на ЕУ да ги доведе во поврзаност санкциите и со улогата на Русија во надминувањето на украинската криза, бидејќи оваа криза започна токму во атмосфера на придружувањето на земјата кон ЕУ, коментираа претходно од руското министерство за надворешни работи. Руската дипломатија, исто така, вели дека „конфликтот не го започна Русија туку сегашните украински власти кои по државниот удар направија обид да ја задушат опозицијата во областа Донбас“ и се повторува дека двегодишната криза во Украина е започната токму поради асоцијацијата на оваа земја со ЕУ.
„Очигледно е отсуството на логика во однесувањето на ЕУ, која се обидува да ја ‘казни’ Русија за нешто во што таа нема влијание, туку е инволвирана самата Унија“, коментираше официјална Москва и порача дека станува збор за невешт обид на ЕУ да се оправда поради неможноста да соработува со властите во Киев во исполнувањето на договорот од Минск./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.