Европа
Студената војна конечно заврши во Швајцарија
– Мостот Бад Саекинген
Блоковската Студена војна конечно е завршена во Швајцарија, тивко кон крајот на 2014 година, кога биле отстранети последните количества експлозив поставени по Втората светска војна од мостови, во тунели, покрај сообраќајници, штитејќи ја оваа богата алпска земја од можна странска инвазија.
Блоковската Студена војна конечно е завршена во Швајцарија, тивко кон крајот на 2014 година, кога биле отстранети последните количества експлозив поставени по Втората светска војна од мостови, во тунели, покрај сообраќајници, штитејќи ја оваа богата алпска земја од можна странска инвазија.
Меѓу последните објекти кои биле исчистени од експлозив бил мостот во Бад Саекинген, на северот, кој Швајцарија ја поврзува со Германија. Мостот изграден во XIV век е впишан како историски споменик во туристичките водичи, коишто меѓутоа не споменуваат дека се’ до октомври 2014 година во неговите темели лежеле стотици килограми експлозив ТНТ. Локалното население нешто и знаело за тие мини, но сепак во доменот на шпекулациите и воопшто немало информации со каква закана со децении живеело.
На почетокот од Втората светска војна, и тогаш и сега неутралната Швајцарија започнала со експлозиви да ги штити објектите од цивилната инфраструктура за да се заштити во случај на инвазија до странство со уништување на комуникациите. Од почетокот на 1940 година постоел концепт според кој во случај на напад војската би се повлекла во планините и би ги активирала поставените експлозиви.
Меѓутоа, по 1945 година експлозивот не бил отстранет, туку напротив засилен, особено во периодот на Студената војна кога тогашна западна Европа како дел од НАТО влезе во конфликт на работ од нова светска војна со Варшавскиот пакт предводен од тогашната велесила Советскиот сојуз. Од неколку стотици објекти кои биле заштитувани со мини од крајот на војната, бројот на таквите објекти се зголемил на две до три илјади во текот на 1980-те години во времето кога советските нуклеарни ракети од типот „СС-20“ беа кошмарот на западноевропските земји.
Советскиот сојуз, меѓутоа, се распадна во 1991 година, а Швајцарија не се откажувала од својата одбранбена доктрина и продолжила во неа да вложува милиони франци. Доктрината позната како „Швајцарско сирење“ се состоела во тоа секоја планина да се издупчи за во неа да се сокријат бункери и писти за одбрана од напад, вели за AFP Жулиен Гран, генерален секретар на Швајцарското здружение за воена историја.
Швајцарската армија дури неодамна призна дека таа стратегија е „застарена“, а на прашањето зошто толку долго се чекало, одбраната одговара дека немала доволен број стручни лица за таа работа да ја извршат во строгите безбедносни услови.
Аналитичарите, пак, сметаат дека тоа е делумно и одраз на швајцарската политика и системот на референдум кој не ги фаворизира брзите промени. Покрај тоа, Швајцарија храбро ја објавила својата долг чувана тајна, а „ниедна земја не ги објавува сите свои воени тајни, но знаеме ли воопшто дали сите други земји ги уништиле своите експлозиви“, прашува историчарот Петер Хуг./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

