Европа
Судот го потврди исклучувањето на основачот Жан-Мари Лепен од Националниот фронт
Францускиот суд во четвртокот го потврди исклучувањето на Жан-Мари Лепен од партијата од крајната десница Национален фронт (NF), која ка води неговата ќерка Марин Лепен откако тој во 2011 година ѝ го отстапи лидерството, поради навредливите изјави не еден од основачите на оваа партија за холокаустот.
Историскиот основач и идеолог на француската крајна десница, 88-годишниот Жан-Мари Лепен, во јули минатата 2015 година беше отстранет од Националниот фронт, партија којашто ја основаше пред 40 години, по судирот со ќерката Марин Лепен, бидејќи неколкупати во јавноста го повторуваше ставот дека нацистичките гасни комори биле само „еден детаљ“ в историјата и застана во одбрана на ткн владата од Виши која соработувала со нацистичка Германија.
Тoa беше премногу за 48-годишната Марин Лепен, која се обидува да ги симне стигмите од партијата во однос на расизмот и антисемитизмот од минатото, иако ја задржа главната линија на партијата одбележана со националистички и антимиграциски ставови.
Наклонет на расистичките и антисемитски истапи, Лепен стариот беше партиски санкциониран по новата низа провокации за холокаустот, откако Марин се огради од изјавите на татко ѝ. Марин Лепен тогаш изјави дека нејзиниот татко со овие изјави извршил „политичко самоубиство“, дистанцирајќи се од него.
Нејзината стратегија на нормализација е насочена на јакнењето на амбициите пред претседателските избори во Франција кои ќе се одржат во 2017 година, на коишто според сите досегашни анкети, ќе се пласира во вториот круг.
Судот во Париз, сепак, одлучи дека Жан-Мари Лепен има право да остане почесен претседател на партијата. Според тоа, Националниот фронт мора да го повикува на состаноците на своето водство или ќе мора да плати казна.
Оваа одлука се смета за удар врз Марин Лепен, шест месеци пред претседателските избори во Франција, бидејќи се очекуваат нови испади на стариот Лепен. Неговиот адвокат, пак, ова го поздрави како победа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

