Европа
Шулц: Европа е неисполнето ветување
Европа е ветувањето кое не е исполнето, изјавил оваа седмица претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, пренесуваат во саботата светските агенции.
„Европа е ветување, но ветување коешто не е исполнето“, рекол Шулц во текот на дебатата за иднината на Европа одржана во италијанската престолнина Рим во четвртокот, пренесува AFP.
Во дебатата, покрај Шулц учествувале и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и италијанскиот премиер Матео Ренци. Конференцијата се одржувала во салата во којашто во 1957 година е потпишан Римскиот договор, со кој се ставени темелите на денешната Европска унија.
Европа е „ветување за повеќе работни места, услуги и раст, кое беше повторувано секој ден“ и поколенија Европејци се согласија на жртви, надевајќи се дека тоа ветување ќе се исполни, барем за нивните деца, рекол Шулц.
Меѓутоа, европските челници и натаму бараат жртви, помалку услуги и повеќе даноци, а „поради што, поради спасување на банките“, додал челникот на Европскиот парламент. Оттаму постои „чувство на неправда, дека ова не е Европа каква што ја посакувал“, рекол Шулц одговарајќи на прашањето за јакнењето на популистите во Европската унија.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакнал дека Европската унија не смее премногу да биде идеализирана и да се смета дека води кон воспоставување една единствена држава и нација, истакнувајќи дека тоа не само што „воопшто не е реално“, туку е и штетно за нејзината иднина.
„Сонот за само една европска држава, само една европска нација е илузија. Мораме да прифатиме дека живееме во Европа со различните валути, различни политички сили, а најлошото е да се правиме дека тоа не го знаеме“, рекол Туск.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пак, рекол дека „за Европа не се зборува на добар начин“. Секој состанок на европските министри во Брисел е интерпретиран на различни начини, „како да сме имале за 28 различни состаноци“, рекол Јункер.
„Имаме полноправни Европејци кога треба да земаат и половични кога треба да даваат“, рекол, истакнувајќи дека тоа се често оние кои добиваат најмногу од европските фондови. „Претходно работевме заедно (…) Тоа веќе воопшто го нема“, додал Јункер, изразувајќи жалење што европските граѓани не разбираат што Европската унија настојува да стори. „Тоа е плодна почва за популистите“, заклучил, пренесува Reuters.
Европските челници не доаѓаат во Брисел со мислата дека би требало да ја бранат Европа, додал Шулц. „Ќе дојдат во Брисел и на прес-конференциите велат: ги бранев нашите национални интереси“, рекол со тага потсетувајќи на поранешните генерации „поевропски“ челници. „Во Европскиот совет има многу трговци, а само неколку државници“, рекол.
Меѓутоа, Туск предупредил дека државите членки не смеат да бидат жртвени јарци. „Во Брисел е раширено мислењето дека проблемите секогаш ги предизвикуваат државите членки“, рекол, додавајќи дека е опасно да се смета дека „животот би бил многу подобар без државите членки“,
Туск, Јункер и Шулц престојуваа во Рим по повод доделувањето на престижната европска награда на Карло Велики, на папата Франциск во петокот. Признанието Карло Велики се доделува повеќе од 70 години за промовирање на европското единство./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

