Европа
Шведска започнува студија за сексуалниот живот на своите граѓани
Шведскиот министер за здравство Габриел Викстром смета дека политиката на сексуалното здравје на населението не би смеела да биде насочена само кон проблемите, туку и кон попријатните аспекти на сексуалноста и сексуалното уживање, поради што шведските власти имаат намера да покренат тригодишна студија за сексуалниот живот на своите граѓани, прва во последните дваесет години.
Анкетите чиишто резултати ги објавуваат таблоидите покажуваат дека Швеѓаните имаат сé помалку сексуални односи, вели министерот за здравство Габриел Викстром во текст објавен во дневниот весник Dagens Nyheter.
Новата студија, според неговото мислења, би требало да покаже дали ваквите наводи се точни, и доколку се вистините – зошто тоа е така. Една од причините би можел да биде стресниот начин на живеење, смета министерот.
Истражувањето ќе го спроведе шведската Агенција за јавно здравство, а конечните резултати ќе бидат познати во јуни 2019 година.
Викстром го смета за „парадокс тоа што, иако се чини дека темата секс продрела во сите поти на современото општество – од рекламирањето преку социјалните мрежи и медиуми до секојдневниот живо – таа и натаму е обвиена со превезот на срамот… и целосно отсуствува од секаква политичка дебата“.
Фокусирањето на проблемите како што се половите болести, несаканата бременост или силувањата, како и исклучувањето на темите за позитивните сексуални искуства, фрла сосема погрешна светлина на здравствената политика, смета шведскиот министер.
„А како и да го размениме сегашниот став, кога на многу луѓе, од родителите и наставниците до високите политички функционери, очигледно им е многу непријатно за започнат разговор за сексот?“, заклучува Викстром./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.
Европа
Британски скијач загина во лавина на француските Алпи
Британски скијач загина вчера во лавина во Француските Алпи. Несреќата се случила додека мажот, за кој се верува дека е во педесеттите години, скијал надвор од пистата во популарното одморалиште Ла Плањ, објави Скај њуз.
Обемна операција за спасување
Спасувачките екипи беа повикани на лавината попладнето во 13:57 часот и веднаш се упатија кон местото на настанот во југоисточна Франција. Голем тим од 52 лица, вклучувајќи медицински персонал и инструктори за скијање, беше вклучен во потрагата, а со хеликоптер беше донесено и куче трагач.
И покрај брзата реакција, Англичанецот беше пронајден дури по 50 минути пребарување, закопан под 2,5 метри снег.
Скијал без потребната опрема
Според соопштението од одморалиштето, човекот што починал бил во друштво на група, но не бил опремен со примопредавател за лавина ниту бил придружуван од професионален инструктор. Скијачкиот центар Ла Плањ изрази сочувство до семејството на починатиот.
Европа
Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка
Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти. Русија го засили бомбардирањето на енергетската мрежа на Украина.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека работата продолжува во погодените области, велејќи дека ситуацијата „останува исклучително тешка“, особено во пограничните региони.
Зеленски рече дека 200 екипи за итни случаи се на терен и вршат поправки во регионот Киев околу главниот град.
„Немам струја дома околу 55 часа. Па, за да не плачам, само се смеам“, рече Лиза Лазаренко, која престојува во училиште во Киев кое е претворено во хуманитарен центар.
Зеленски претходно рече дека Русија минатата недела испратила 1.100 беспилотни летала, повеќе од 890 наведувани воздушни бомби и повеќе од 50 ракети, вклучувајќи балистички, крстосувачки и со среден дострел, против Украина.
Во петокот, по ракетниот напад врз Киев, речиси целиот град остана без електрична енергија и греење поради суровата зима, а властите дури во недела го вратија снабдувањето со вода и делумно електрична енергија и вода.
Minus fifteen.
This is no longer weather. This is a weapon.Russia struck thermal power plants.
Not the front line. Not the army.
Heat. Light. Survival.Kyiv is dark.
Dnipro is dark.
Odesa is dark.Minus fifteen.
People will die now without bleeding.
From cold rooms. From… pic.twitter.com/8n5PCI0byx— inna shevchenko (@femeninna) January 9, 2026
Зеленски рече дека Русија намерно чекала студеното време да ги влоши работите за украинскиот народ и дека ова е „циничен руски терор, особено против цивилите“.
„Реконструкцијата е во тек. Сепак, ситуацијата со снабдувањето со енергија во главниот град останува многу тешка“, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека руските сили повторно го нападнале електроенергетскиот систем на земјата преку ноќ, накратко прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на југоисточните региони Дњепропетровск и Запорожје.
„Не помина ниту еден ден оваа недела без напади врз енергетските објекти и клучната инфраструктура. Вкупно се регистрирани 44 напади“, рече украинската премиерка Јулија Свириденко на Телеграм.

