Европа
Times: Половината од конзервативните пратеници ќе агитираат за Брекзит
Половината од пратениците на британската владејачка Конзервативна партија нема да го поддржат својот челник премиерот Дејвид Камерон и ќе се вклучат во кампањата за излегување на Велика Британија од Европската унија, пишува во понеделникот неделникот Times, според кој кабинетот на премиерот во своите прелиминарни пресметки не ги проценил добро димензиите на скептицизмот на Ториевците во врска со членството на земјата во Унијата.
„Околу 150 пратеници од 330-те Ториевци (со мандати во парламентот – з.р.) ќе гласаат за излегување од составот на ЕУ, а уште неколку десетици допрва треба да ја искажат својата позиција“, се вели во написот. Авторот на Times потсетува дека во септември минатата година, советниците на британскиот премиер Дејвид Камерон проценувале дека има само 80 евроскептици меѓу пратениците на конзервативците.
Претходно, шест од 21 член на министерскиот кабинет на Камерон објавија дека се залагаат за излегување на земјата од составот на Европската унија. Според информациите на Times, заедно со нив во кампањата за прекинување на врските со Брисел ќе се вклучат и уште 20 заменици министри.
Меѓу сопартијците на Камерон кои објавија дека ќе се вклучат на кампањата за излегување, е и лондонскиот градоначалник Борис Џонсон, кој во неделата ја објави својата позиција во однос на претстојниот референдум. Минувањето на овој влијателен политичар на страната на противниците на останувањето на Британија во ЕУ се оценува како особено тежок удар за премиерот, кој очекуваше овој харизматичен и брилијантен говорник да биде на неговата страна во текот на четиримесечната кампања.
Во меѓувреме, како што пишуваат во понеделникот британските весници, поддршката за премиерот Камерон ќе треба да му ја дадат челниците на најголемите компании во Велика Британија. Во вторник, 23-ти февруари, тие треба да објават отворено писмо во коешто ќе истакнат дека Британија ќе биде „посилна, побезбедна и побогата“ во реформираната ЕУ. Според сознанијата на весниците, станува збор за бизнис гигантите, како нафтените корпорации BP и Shell, рударската Rio Tinto, телекомуникациските компании Vodafone и BT, наменската индустрија од одбраната BAE Systems, како и банките HSBC, Barclays…
Како што пишува Times, позицијата на премиерот Камерон во врска со референдумот ја споделуваат 61 отсто од членките на Асоцијацијата на производителите во Велика Британија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

