Европа
Толпа нападна француски полицајци поради смртта на момче
Гневна толпа фрлаше ноќта кон четвртокот молотови коктели врз полицијата и палеше автомобили северно од француската престолнина Париз, по смртта на едно момче во полициски притвор претходно оваа седмица, соопштија властите.
Девет лица се уапсени во насилството кое траеше втора ноќ по ред и во кое учествувале околу 200 локални жители и 180 полицајци во Вал Д’Оаз, околу 40 километри северно од Париз.
„Приведени се осум лица. Некои поради фрлање запалливи предмети врз силите на редот, други поради обид да запалат јавна зграда“ градскиот совет на Бомон-сур-Оаз, изјави функционерот од префектурата Жан-Симон Мерандат.
Насилните судири избувнаа по смртта на 24-годишно момче, кого полицајците го привеле во вторникот попладнето. На момчето, осомничено за изнудување пари, „му се слошило“ и подоцна починало, изјави обвинителот задолжен за тој предмет Ив Жаниер.
„Состојбата е напната, но под контрола“, додаде Мерандат.
Околу 180 припадници на силите за спроведување на редот од средата вечерта се ангажирани по првите насилства во ноќта од вторникот кон средата. Пет полицајци се полесно повредени./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски воен авион навлезе во полскиот воздушен простор
Полските власти известија дека руски авион, кој полетал од Калининградската област во вторникот, кратко го нарушил полскиот воздушен простор.
„На 11 февруари 2025 година, во источниот дел на заливот Гдањск, воздушниот простор над територијалните води на Република Полска беше нарушен од авион ‘су-24МР’ на Вооружените сили на Руската Федерација. Авионот, кој полета од областа Кролевиец, влезе во полскиот воздушен простор на максимална длабочина од 6,5 километри и остана таму 1 минута и 12 секунди“, соопштија полските власти.
Informujemy, że w dniu 11 lutego 2025 roku o godz. 14.09 we wschodniej części Zatoki Gdańskiej doszło do naruszenia przestrzeni powietrznej nad wodami terytorialnymi RP przez samolot Su-24MR Sił Zbrojnych Federacji Rosyjskiej.
Samolot, który wykonywał lot z Obwodu… pic.twitter.com/Y0dVv9fT4r
— Dowództwo Operacyjne (@DowOperSZ) February 11, 2025
Радарските системи на полските вооружени сили го следеле летот на рускиот авион, а дежурните служби за надзор на воздушниот простор биле во контакт со руската страна. Руските власти го потврдија нарушувањето на полскиот воздушен простор наведувајќи дека тоа е предизвикано од дефект во навигацискиот систем на „су-24МР“.
„Персоналот на полскиот систем за противвоздушна одбрана врши 24-часовен надзор на воздушниот простор, секогаш подготвен да ја обезбеди неговата сигурност“, соопштија полските власти.
Европа
Зеленски: Путин не се подготвува за мир, тој продолжува да убива
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на ноќниот напад на Русија врз Украина со балистички ракети и беспилотни летала, покажувајќи ги последиците и нагласи дека „Путин не се подготвува за мир – тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови, а само силни чекори и притисок врз Русија можат да го запрат овој терор“, пишува УНН.
Last night, Russia attacked Ukraine with ballistic missiles and drones. Apartment buildings, office spaces, and civilian infrastructure were damaged. Emergency services are on-site, assisting people and dealing with the aftermath of this terror.
Tragically, as of now, one person… pic.twitter.com/fJgTd9HDGW
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 12, 2025
„Синоќа Русија ја нападна Украина со балистички ракети и беспилотни летала. Оштетени се станбени згради, деловни згради и цивилна инфраструктура. Сите наши служби работат на терен за да им помогнат на луѓето и да ги елиминираат последиците од овој терор. За жал, досега знаеме за едно лице загинато во Киев. Четири лица се повредени, меѓу кои и едно дете. Моето сочувство до нивните семејства и пријатели“, напиша Зеленски на социјалните медиуми.
„Овој руски терор против Украина нема да престане сам по себе. Путин не се подготвува за мир – тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни чекори и притисок врз Русија можат да го запрат овој терор. Во моментов ни треба единство и поддршка од сите наши партнери во борбата за праведен крај на оваа војна“, нагласи украинскиот претседател.
Европа
Данското разузнавање: Русија би можела да почне голема војна во Европа во рок од 5 години
Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа во рок од пет години, објави Данската разузнавачка служба за одбрана, пишува „Политико“.
„Русија веројатно ќе биде поподготвена да употреби воена сила во регионална војна против една или повеќе европски земји на НАТО, ако оцени дека НАТО е воено ослабен или политички поделен“, се вели во извештајот објавен вчера.
„Ова е особено веројатно ако Русија оцени дека САД не се во можност или не сакаат да ги поддржат европските земји на НАТО во војна со Русија“, продолжува извештајот, нагласувајќи дека Русија ги засилува своите воени капацитети за да се подготви за можна војна против НАТО.
Ажурираната проценка на заканата од Данската разузнавачка служба доаѓа додека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да стави крај на војната во Украина, која влегува во својата четврта година овој месец. Агенцијата нуди три сценарија кои би можеле да се случат доколку конфликтот во Украина престане или замрзне, почнувајќи од претпоставката дека Русија нема капацитет да води војна со повеќе земји истовремено.
Според проекциите во ажурирањето, Русија би можела да води локална војна со погранична земја во рок од шест месеци, додека би можела да започне регионална војна во областа на Балтичкото Море во рок од две години. За пет години, може да изврши напад од големи размери врз Европа, под услов САД да не се вмешаат.
Агенцијата забележува дека не го земала предвид можното зголемување на одбранбените капацитети на НАТО.
Трамп ги повика членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП, што е повеќе од двојно од сегашната цел, и сугерираше дека САД би можеле да се повлечат од воената алијанса доколку нивните сојузници не ги исполнат своите финансиски обврски.
Трамп минатата година рече дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО што нема да ги исполни своите финансиски обврски.