Европа
Тројца Сиријци уапсени за планирање напади во Германија

Тројца Сиријци кои се осомничени за врски со екстремната сунитска организација Исламска држава се уапсени во Германија под обвинение дека планирале да изведат терористички напади во таа земја, објави во четвртокот сојузното државно обвинителство.
Осомничените се идентификувани според обичајот на германската полиција со имиња и иницијал за презимето како 27-годишниот Хамза С., 25-годишниот Мохуд Б. и 31-годишниот Абд Арахман А.К. кои биле уапсени во покраините Северна Рајна-Вестфалија, Бранденбург и Баден-Витенберг.
Државниот обвинител додава во соопштението дека налог за апсење е издаден и за четврти Сириец, 25-годишниот Салех А.
Двајца од осомничените, Салех А. и Хамза С. ѝ се приклучиле на Исламската држава во Сирија во пролетта 2014 година и од челниците на оваа радикална исламистичка група добиле задача да изведат напад во Дизелдорф во западна Германија. Подоцна наговориле трет Сириец да им се приклучи, додаваат од обвинителството.
Салех и Хамза планирале двајца бомбаши самоубијци да се разнесат во прометната алеја Хајнрих-Хајне во центарот на градот, а другите напаѓачи со огнено оружје и експлозивни направа да убиваат што повеќе пешаци.
Државното обвинителство на Германија, исто така, вели дека засега нема докази дека осомничените започнале конкретно да ги спроведуваат своите планови./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин