Европа
Туск е за продолжување на санкциите против Русија

Претседателот на Европскиот совет, поранешниот полски премиер Доналд Туск, оценува дека европските економски санкции наметнати против Русија поради нејзината наводна улога во конфликтот во источна Украина мора да продолжат и по летото, во интервјуто објавено во понеделникот во пет европски дневни весници.
„Како поддршка на (германската канцеларка Ангела) Меркел и (францускиот претседател Фрасона) Оланд на договорот од Минск, минимално е да се задржа сегашните санкции“, вели првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск за францускиот дневен весник Le Figaro, три дена пред европскиот самит (19-ти и 20-ти март) во Брисел посветен на ова прашање, додека во европските медиуми се шпекулира околу разногласието во ЕУ околу продолжувањето на санкциите против Русија.
„Кога Европската унија би морала да ги намали санкциите ова лето, трансатлантските односи би влегле во многу критична фаза“, додава Туск, една седмица по посетата на Вашингтон од 9-ти март, кога во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Барак Обама.
„Претседателот Барак Обама беше јасен примајќи ме пред неколку дена во Белата куќа. САД може да се согласат на договорот од Минск, но задржувањето на санкциите е она што ќе го убеди дека остануваме заедно наспроти Русија“, истакнува претседателот на Европскиот совет.
„Без притисок, спроведувањето на договорите од Минск е неостварливо“, продолжува Туск запрашан за потребата Украина да ја преземе контролата над границата со Русија, која во моментов е под надзор на реускојазичните бунтовници од Донбас./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин