Европа
Туск ја истакна важноста од соработка околу Украина во разговорот со Трамп
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја нагласи потребата од трансатлантска соработка околу Украина во текот на телефонскиот разговор во петокот со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти извор во Европската унија.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, исто така, имал телефонски разговор и со претседателот на Украина, Петро Порошенко, кој побарал поддршка од новиот американски челник Доналд Трамп против „руската агресија“ по присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим, рекол изворот на AFP.
Трамп претходно во кампањата изјави дека САД би можеле да го прифатат руското присоединување на Крим, што сегашната американската администрација и Западот го сметаат за нелегално руско анектирање на украинска територија и покрај референдумот за тоа на тамошното мнозинско руско и рускојазично население, доколку тоа доведе до подобрување на односите меѓу Вашингтон и Москва, кои особено се влошија по украинската криза од 2014 година и во однос на војната во Сирија годинава.
„Туск му честиташе на Трамп на победата на изборите, го повика на самитот ЕУ – САД и нагласи на важноста од трансатлантската соработка, меѓу другото, и по прашањето на Украина“, рекол соговорникот на агенцијата од ЕУ кој сакал да остане анонимен.
Трамп му се заблагодарил на Туск на поканата и го „покани во Белата куќа пред самитот ЕУ-САД, по својата инаугурација“ на 20-ти јануари, додал изворот.
Според него, Туск и Порошенко разговарале за „трансатлантската соработка по прашањето околу судирот меѓу Украина и Русија“ и подготовките за самитот ЕУ – Украина кој ќе се одржи следниот четврток./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Зеленски пристигна на бојното поле кај Покровск
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети војниците во близина на Покровск, градот кој во моментов е место на најжестоките борби на фронтовската линија.
The operational situation near Pokrovsk and on its outskirts was the main topic of discussion with the servicemen of the 25th Separate Airborne Sicheslav Brigade, which is engaged in a defensive operation in this sector of the front. Today, I met with the warriors in their… pic.twitter.com/RRdPTbkm53
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 4, 2025
Зеленски објави фотографии на социјалните мрежи од команден пункт во секторот Добропиља, околу 20 километри северно од Покровск во регионот Донецк, каде што се сретна со воениот персонал и врховниот командант, Александар Сирски.

Русија се обидува да го освои Покровск, стратешки важен град и логистички центар, повеќе од една година.

Иако беа потребни месеци за да се приближат, руските сили сега се инфилтрираа во градот, а Зеленски минатата недела изјави дека Русија собрала 170.000 војници на своите периферии.
Падот на Покровск би можел да го отвори патот за Москва да го преземе остатокот од Донецк и таканаречениот „појас на тврдини“, кој ги вклучува градовите Краматорск, Славјанск, Костјантинивка и Дружкивка.

Извештаите од терен се спротивставени. Генерал Сирски призна дека неговите трупи биле под „притисок од непријателска група од неколку илјади војници“, но негираше дека биле опколени. Руските воени блогери, од друга страна, тврдат дека 90 проценти од градот е под контрола на Москва. Американскиот институт за проучување на војната (ISW) вели дека руските сили дејствуваат со „сè поголема леснотија“ во градот, кој некогаш имал население од 60.000, но сега е речиси целосно празен, уништен од борбите.

Зеленски во понеделник изјави дека Русија „немала никаков успех“ во Покровск во последните денови, но призна дека „работите не биле лесни“ за украинските сили.

Тој нагласи дека една третина од сите борби на фронтовската линија се одвиваат тука и дека половина од сите руски лизгачки бомби се фрлени врз градот. Со оглед на тешката ситуација и руската бројна супериорност, за која претседателот претходно рече дека е осум спрема еден, некои украински коментатори ја критикуваа одлуката за продолжување на одбраната на градот.

фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени се офицери
Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го командниот пункт на руската елитна единица за беспилотни летала „Рубикон“. Неколку руски офицери и оператори на беспилотни летала беа убиени во нападот, потврди ХУР.
Разузнавачите открија дека рускиот штаб се наоѓал во делумно уништена зграда во градот. Единицата „Рубикон“ е специјализирана за употреба на борбени беспилотни летала и се смета за една од најнапредните и добро финансирани формации во руската војска.
По добивањето на прецизни координати, украинските сили лансираа беспилотно летало ФП-2 натоварено со повеќе од 100 килограми експлозив на локацијата.
Ukraine’s Defense Intelligence (HUR) has released another video, claiming a strike on the headquarters of the Rubicon unit – one of Russia’s most impactful drone formations. Preliminary geolocation points to the former Agat factory on the outskirts of Avdiivka. pic.twitter.com/jN2XLOV7ss
— Tatarigami_UA (@Tatarigami_UA) November 4, 2025
Силна експлозија ја уништи зградата, елиминирајќи ги руските офицери и оператори внатре. Разузнавачката агенција ја опиша операцијата како „одмерен чин на одмазда“, додавајќи дека сите воени злосторства извршени против украинскиот народ „ќе бидат казнети“.
Ова не е единствената успешна акција на украинското разузнавање во последните денови. Во посебна операција рано наутро во недела, 2 ноември, борците на ХУР уништија и неколку руски системи за воздушна одбрана во окупираниот Крим.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) 90-годишен возач пробил бетонски ѕид со спортски автомобил во Германија и чудесно преживеал
90-годишен возач вчера се извлекол неповреден кога со својот спортски автомобил удрил во бетонски ѕид во градска гаража во германскиот град Лудвигсбург и се заглавил над вентилациското окно, соопшти полицијата.
Задниот дел од неговото „порше карера ГТС“ удрил во ѕидот и го пробил оставајќи го возилото да виси околу пет метри над окното.
View this post on Instagram
Пожарникарите интервенирале за да го извлечат заробениот маж од автомобилот.
Материјалната штета се проценува на речиси 95 илјади евра, а причината за несреќата сè уште се истражува.

фото: принтскрин

