Европа
Туск: Приоритет во решавањето на мигрантската криза е спроведувањето на акцискиот план со Турција
Челниците на Европската унија во своите напори за решавање на мигрантската криза приоритет му даваат на спроведувањето на заедничкиот акционен план со Турција со којашто имаат намера на почетокот од март ода одржат посебен состанок, изјави во петокот претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
„Се согласивме дека заедничкиот акциски план со Турција останува приоритет и ние мораме да сториме сé тој да успее. Оттаму, имаме намера да организираме посебен состанок со Турција на почетокот од март“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск пред започнувањето на вториот ден од состаноците во рамките на самитот на Европската унија посветен на мигрантската криза и идните односи со Велика Британија.
Самитот со Турција беше планиран за четвртокот, непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ, но беше откажан по терористичкиот напад во Анкара, поради кој турскиот премиер Ахмет Давутоглу го откажа патувањето во Брисел.
„Пред ова средба имаше такви кои се сомневаа во потребата да се решавање на бегалската криза заедно со Турција. Ние потврдивме дека нема алтернатива за добрата, интелигентна и мудра соработка со Турција“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Се очекуваа дека расправата за мигрантската криза брзо ќе заврши во текот на работната вечера во четвртокот, но продолжи до длабоко во ноќта. Челниците на ЕУ усвоија заклучоци за мигрантската криза, а во петокот продолжуваат да расправаат за односите со Велика Британија. Првично беше планирано сите да се соберат на работен појадок во петокот, што подоцна беше одложено па е споменуваше „бранч“, а потоа беше договорено да се соберат дури на работен ручек рано попладнето. Претпладнето се одржаа низа билатерални разговори за британското прашања.
Во заклучоците на Европскиот совет се вели дека целта е брзото намалување на приливот на имигрантите, заштитата на надворешните граници, намалување на илегалната миграција и сочувување на интегритетот на шенгенскиот простор.
Се вели, исто така, дека континуираниот прилив на илегалните имигранти по западнобалканската рута предизвикува „сериозна загриженоста“ и оттаму се бара координирано дејствување и запирање на неконтролираното пропуштање на имигрантите по должината на оваа рута, Се предупредува и на опасноста од новите тури по коишто имигрантите би можеле да тргнат. „Важно е да се остане претпазлив во врска со можниот развој на настаните околу другите рути, за да можеме да преземеме брза и синхронизирана акција“, се вели во заклучоците.
Одлуката на Австрија еднострано да воведе рестриктивен режим на границата и значително да го ограничи бројот на влегувањата не наиде на добар прием во Брисел.
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека и таа одлука уште повеќе ја нагласува потребата акциониот план со Турција брзо да успее. Од друга странам, пак, земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија Чешка и Словачка) се сомневаат во акцискиот план со Турција и затоа бараат да се подготви алтернативен план за запирање на имигрантите на македонско-грчката граница.
Заедничкиот акциски план ЕУ-Турција, договорен ланскиот октомври, предвидува Турција да го задржи сириските бегалци на своја територија, За возврат ќе добие три милијарди евра помош за згрижување на бегалците. Потоа, кога ќе биде запрен приливот на имигрантите во Европа, дел од нив директно од Турција би се распоредувале во земјите членки на ЕУ кои сакаат да ги примат./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

