Европа
Уапсен тинејџер што подготвувал терористички напади во Париз

Момче на возраст од 15 години уапсено е поради наводи дека можно е да изврши терористички напади, во Париз.
Момчето е уапсено во 20 тиот арондисман во Париз, во среда наутро, велат извори од истрагата за ТВ каналот BFM. Претресен е и домот на момчето при неговото апсење, а тој претходно не и бил познат на полицијата или на тајните служби.Момчето се товари дека планирало да изврши терористички напади и дека бил во контакт со Рашид Касим, француски џихадист кој беше поврзан со неколку терористички напади претходно извршени во Франција.Не се откриваат детали во јавноста за тоа какви напади планирало момчето и каде, но телевизијата објавува дека имал обид да чува оружје што би го употребил во нападите.Касим е поврзан со двојното убиство на полицајци Мањанвил во јуни, како и во бруталното колење свештеник во Сент Етјен во јули.Тој, исто така, е поврзан и со 15-годишно момче кое беше уапсено во неделата под сомнение дека се заканувал со ноќ на луѓе во Париз, и со најмалку уште една жена уапсена минатата недела откако беше најден автомобил во близина на Нотр Дам во Париз, полн со плински боци.Франција се уште е во вонредна состојба по нападите од ноември во Париз и по нападот во Ница.Францускиот премиер оваа недела потврди дека околу 15.000 потенцијални сомнителни терористи се следат на дневна основа./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Голем штрајк на аеродромите во Германија

Синдикатот на услужни дејности ги повика денеска вработените на главните германски аеродроми на штрајк со целосно прекинување на редовните летови во Берлин во време на тензични преговори за платите во секторот.
Според германското здружение на аеродроми АДВ, ќе бидат откажани 3.400 лета, што ќе влијае на половина милион патници.
„Ќе има големи ограничувања на полетувања и пристигнувања, можеби вклучувајќи и откажувања летови“, соопшти синдикатот во петокот.
Аеродромот „Берлин/Бранденбург“ во петокот објави дека денеска целосно ќе престане со работа поради штрајк.
Во Франкфурт, најголемиот германски аеродром, компанијата „Фрапорт“ предупреди дека ниеден патник нема да може да се качи во транзитниот центар, што речиси сигурно ќе влијае на меѓународните летови, објави „Билд“.
Погодени ќе бидат и аеродромите во Минхен, Бремен, Келн, Дортмунд, Диселдорф, Хамбург, Хановер, Лајпциг и во Штутгарт.
Штрајкот вклучува речиси 5.000 државни и локални вработени вработени на аеродромите и 23.000 други даватели на услуги за воздушен транспорт, објасни во петокот синдикатот.
Работниците се повикани да ја прекинат работата за време на преговорите за платите и условите за работа, а следната рунда преговори е закажана за средината на март.
Работодавците „сè уште не дадоа понуда во контекст на тековните колективни преговори“ и покажаа „нема подготвеност да одговорат на нашите барања“, објави Верди, кој конкретно бара зголемување на платите за 8 проценти и бенефиции за инвалидност.
Дводневен штрајк го парализира сообраќајот на аеродромот во Минхен кон крајот на февруари.
Од почетокот на годината веќе се одржаа неколку предупредувачки штрајкови во градските собранија, федералните власти, болниците и во јавниот транспорт.
Неделава ќе следуваат и други, на пример, во комуналните услуги во повеќе градови во земјата.
Европа
(Видео) Нападната една од најголемите рафинерии во Русија

Украински сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија „Новокуибишевск“ во руската област Ростов, објави на „Телеграм“ шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Коваленко, а пренесува „Укринформ“.
Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви капацитети во Русија.
#Novokuibyshevsk refined as of now 💨 pic.twitter.com/4MlO2RX854
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) March 10, 2025
Објектот произведува широк спектар на нафтени продукти, вклучително и бензин, дизел-гориво и масло за греење, од кои сите се критично важни за транспортот и воената опрема, истакна Коваленко. Тој додаде дека објектот е од стратешко значење за руската војска бидејќи обезбедува стабилно снабдување со гориво за продолжување на воените напори против Украина.
Novokuibyshevsk 💥💥💥 https://t.co/8AwCzRAaKr pic.twitter.com/RVyInfg7d6
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) March 9, 2025
Како што претходно објави „Укринформ“, во раните утрински часови во саботата, 8 март, беспилотни летала управувани од украинското одбранбено разузнавање го нападнаа претпријатието „Киришнефтеоргсинтез“ во руската област Ленинград.
Европа
„Ројтерс“: Русите постигнуваат исклучително брз напредок во Курск

Руските сили денеска напредуваа дополнително во регионот Курск по почетокот на големата операција чија цел е да се принудат илјадници украински војници да побегнат или да се предадат во западна Русија, објавија проруските воени блогери, пренесе Ројтерс.
Воениот блогер „Ту мајорс“ објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.
Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека му е тешко да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил исклучително брз и украинските единици биле опколени на повеќе локации во Курск.
Руските сили вчера повторно зазедоа уште три населби во Курск, откако специјалните сили поминаа километри низ гасовод во близина на градот Суџа за да ги изненадат украинските сили.