Европа
Убијците на францускиот свештеник во видео изразиле лојалност на IS

Новинската агенција блиска на џихадистичката организација Исламска држава (IS) објави во средата видео на двајца мажи, наводно напаѓачите на црква во Франција кои му изјавуваат верност на челникот на оваа терористичка групација.
Видеото го објави новинската агенција Amaq ден откако двајца мажи влегоа во црква во францускиот град Руан, во Нормандија во текот на утринската богослужба, го присилиле 86-годишниот свештеник да клекне и го заклале, наведува агенцијата Reuters.Двајцата мажи се снимен како зборуваат арапски јазик и својот говор му го упатуваат на челникот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади. Едниот од нив држи лаптоп на кој се виори знамето на организацијата.Еден од напаѓачите кои беа убиени од полицијата, претходно минал неколку месеци во затвор поради двата обида во текот на 2015 година од Турција да се префрли во Сирија каде имал намера да се бори на страната на Исламската држава. Во март годинава бил пуштен во домашен притвор со електронски надзор, и притоа можел да ги напушта домот во периодот од 8,30 до 12,30 часот.Француските власти оценија дека цел на напаѓачите со колежот во црквата бил со убиството на свештеникот да се поттикне војна меѓу религиите во Франција Франција има пет милиони муслимани и половина милион евреи, покрај растечкото свртување на приврзаниците на десницата кон католицизмот.Парискиот дневен весник Le Figaro, во вторникот по заложничката драма во Руан за кој одговорноста ја преземаа џихадистите објави дека во нивното списание Dar al Islam, распространето во март годинава преку француските сервиси за споделување, се наведува повикот за напад на местата кои се групно посетувани од страна на цивили, како што се и светилиштата.„При извршувањето на секоја ваша операција, ќе морате да бидете сигурни во своите цели и морате да имате резервни опции за секој ваш основен план. Треба да ги имате за свои цели посетените места – туристичките објекти, синагогите, црквите, масонските ложи, седиштата на политичките партии“, го цитира Le Figaro текстот од исламистичкото списание./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин