Европа
Украдена историската порта од логорот Дахау
Полицијата во понеделникот покрена истрага за кражба на историската порта од поранешниот нацистички концентрационен логор Дахау со натписот „Arbeit macht frei“ (Работата ослободува).
Полицијата во понеделникот покрена истрага за кражба на историската порта од поранешниот нацистички концентрационен логор Дахау со натписот „Arbeit macht frei“ (Работата ослободува).
Директорот на музејот Аушвиц-Биркенау во Полска, кој исто така беше цел на вандали пред пет години кога шведски неонацисти ја украдоа вратата со сличен натпис, во понеделникот остро ја осуди кражбата во Дахау. „Тоа е напад врз симбол, напад врз сеќавањето. Историјатот на нацистичките концентрациони логори започна во Дахау“, изјави Пјотр Цивински, директор на фондацијата Аушвиц, пренесе DPA.Кражбата на портата од ковано железо веројатно е изведена ноќта кон неделата, соопшти полицијата на Баварија. Директорката на меморијалниот музеј Габриеле Хамерман изјави дека портата е „централниот симбол на патењата на затворениците“.Дахау, кој се наоѓа недалеку од јужниот германски град Минхен, е отворен во март 1933 година, набрзо по доаѓањето на власт на Адолф Хитлер, каде што биле затворани противниците на Третиот рајх, а подоцна оние кои според нацистичката расна доктрина требало да бидат елиминирани, како Евреите, Ромите и други.Повеќе од 200 илјади луѓе од цела Европа биле затворени во Дахау, кој станал модел за другите концентрациони логори коишто нацистите ги подигнале во текот на своето дванаесетгодишно владеење. Се проценува дека во овој логор умреле 41.500 луѓе, пред да биде ослободен од американските војници во април 1945 година.Хамерман изјави дека од 2011 година музејот го обезбедува приватна агенција за обезбедување. Додаде дека нема видео надзор, бидејќи управата не сакала да изгледа како „затворска висока безбедност“, но дека сега повторно ќе треба да се разгледа тоа прашање.Во декември 2009 година натписот „Arbeit macht frei“ беше украден од вратата на поранешниот концентрационен логор кој германските фашисти го подигнале во Полска. Неонацистички активист Андерс Хоегстром поради тоа што во декември 2010 година е осуден на две години и 8 месеци затвор, а растурениот натпис е пронајден и обновен во 2011 година./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.
Европа
(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка
Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.
На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.
Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.
Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.
„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.