Европа
Украина: Договорено примирје во Луганск
Украинската влада и рускојазичнте бунтовници во самопрогласената ткн Народна република Луганск, склучија примирје кои ќе стапи на сила на 5-ти декември, а повлекувањето на тешката воена опрема од 6-ти декември соопштија во вторникот претставници на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и челниците на одметнатиот источен украински регион.
Претседателот на ткн Народна Република Луганск, Игор Плотницки, во вторникот за руските медиуми ја потврди информацијата на ОБСЕ дека проруски и украински генерали со учество на претставниците на милициите на рускојазичното население и ОБСЕ, постигнале „примирје на целото боиште“, коешто ќе започне да се применува од 5-ти декември. Плотницки за РИА Новости додаде и дека договорено и повлекување на тешкото вооружување коешто ќе започне следниот ден.
Според извештајот на ОБСЕ, станува збор за преговори во рамките на работата на Заедничкиот центар за контрола и координација (на прекинот на огнот).
„На 29-ти ноември во Луганск соработниците на мисијата присуствуваа на состанокот на командантот на украинскиот контингент при Заедничкиот центар и претседателот на Луганската народна република. Учесниците продолжија да разговараат за одредени аспекти од фазата за разграничување на војските согласно планот од 13-ти ноември, се наведува во соопштението на ОБСЕ:
„Истовремено, начелно беше постигната согласност за прекин на огнот по линијата на разграничување на украинските војници и силите на ЛНР кое треба да стапи на сила на 5-ти декември. Страните, исто така, се договорија и повлекувањето на тешкото оружје да започне на 6-ти декември“, се додава во соопштението објавено на интернет страницата на мисијата на ОБСЕ, по состанокот меѓу украинскиот генерал Володомир Аскаров и рускиот генерал Александар Ленцов на 29-ти ноември во Луганск .
Портпаролот на украинските војски Андриј Лисенко, пак, во вторникот изјави дека нема никакви информации за тоа. „Пукањето продолжува“ рекол за AFP .
Двајцата споменати генерали и претставници на мисијата на ОБСЕ во вторникот започнаа разговори и со другата одметната рускојазична ткн Народна република во Донецк, „за да разговараат за примирјето и жариштата на судирите“, изјавил за AFP неименуван извор од властите во Донецк. Ден претходно воените претставници на двете страни договорија прекин на судирите на меѓународниот аеродром крај Донецк, кој делумно е под контрола на украинските сили, а за чие освојување борбите траат со месеци наназад. Меѓутоа, агенциите јавуваат дека и во вторникот претпладне од правец на аеродромот се слушале рафални стрелби и артилериски оган./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.
Европа
Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ
Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.
„Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на Рождеството на Спасителот“, рече Папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во Ватикан.
„Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир низ целиот свет. Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“, истакна тој.
Лав XIV ќе ја прослави својата прва божиќна миса по изборот за Папа пред да го одржи својот традиционален благослов „Urbi et Orbi“ напладне во четврток, во кој папата традиционално ги разгледува конфликтите низ целиот свет.

