Европа
Украина: На истокот убиени тројца војници и двајца цивили

Тројца украински војници и двајца цивили се убиени во последните 24 часа во побунетиот рускојазичен исток од земјата, каде што властите во Киев велат дека се засилиле судирите по целата должина на боиштето.
Двајца војници настрадале во неделата, а еден е ранет во судирот во Маријанка, место коешто го контролираат силите лојални на прозападните власти во Киев, на 30 километри западно од Донецк, еден од центрите на рускојазичните бунтовници, изјавил за AFP еден портпарол на украинската армија.
Во соседната бунтовничка област Луганск, украински војник смртно бил погоден во судир со проруските милиции во близина на стратешкиот железнички јазол Дебалцево кое по жестоки борби во февруари го заземаа бунтовниците, изјави гувернерот на Луганск именуван од Киев, Генадиј Москал.
Еден 55-годишник и неговиот 14-годишен син загинале кога наишле на мина, објавија во неделата локалните медиуми.
Украински војни бил ранет во Широкино, десет километри од стратешкото пристаниште Мриупол, последниот поголем град со рускојазично мнозинско население кој го контролираат силите лојални на Киев.
Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за Украина, којашто го надгледува прекинот на огнот, во неделата го критикуваше зголемувањето на случаите во кои се крши примирјето, за што ги обвинува двете страни.
Во судирите на истокот од Украина, коишто започнаа во април 2014 година, откако прозападните сили во Киев во февруари го соборија претседателот Виктор Јанукович го укинаа законот за јазици со кој рускиот кој на истокот од земјата го зборуваат над 70 отсто од населението и ги сменија избраните гувернери и други локални органи, загнале околу 6.300 луѓе, претежно цивили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин