Европа
Украина тврди дека има ‘убедливи докази’ за руската улога во уривањето на авионот
Украина поседува „убедливи докази“ дека Русија одиграла пресудна улога во уривањето на малезискиот патнички авионот, бидејќи на бунтовниците им дала ракетни системи и луѓе, изјави во саботата началникот на украинската разузнавачка служба.
Началникот Виталиј Наида тврди дека Киев има докази дека три радарски наведувани ракетни система „Бук – 1“, или „СА-11“ влегле во Украина од соседна Русија, заедно со тричлен екипаж.„Имаме убедливи докази дека тој терористички чин е извршен со помош на Руската Федерација. Можеме со сигурност да кажеме дека со тој ракетен систем ракувале руски државјани“, изјавил на прес-конференција во Киев.Наида ја повика Русија да ги предаде имињата и презимињата на тие лица за да бидат испитани во Украина и рекол дека тие три ракетни системи во меѓувреме биле вратени во Русија и на новинарите има покажал фотографии од ракетни системи на разни позиции. „Знаеме за три лица кои со овие системи влегле од руска територија“, изјавил Наида.Од друга страна поранешниот командант на военото воздухопловство на Русија, Владимир Михаилов за руските медиуми изјави дека според него е очигледно дека уривањето на авионот „Boeing 777“ е планирана провокација од страна на киевските власти.„Последните денови работите се одвиваа така што милициите и во Донецк и во Луганск имаа добри резултати. Армијата претрпи тешки загуби, и ситуацијата во тој поглед беше многу напната“, вели Михаилов.Според него, провокаторите очигледно планирале да падне на територијата на Русија, но тоа не се случија. „Во што тие згрешиле? Сметале, се разбира, дека авионот ќе падна на територијата на Русија. Што претставуваат 50 километри (на колку што се урна малезискиот авион од границата со Русија) при таа брзина (900 километри на час) и на тие височини (10.600 метри). Тоа е сосема малку“, додал Михалов.Покрај тоа, руските медиуми потсетуваат и на пишувањето на британскиот печат од петокот, во кој воздухопловни експерти тврдат дека малезискиот авион летал 483 километри посеверно од вообичаената рута, како и на тврдењата на руското министерство за одбрана дека нејзините радари регистрирале активност на ракетен систем „Бук 1“ на украинската армија во периодот на прелетот на авионот.Исто така, Москва одговара дека украинското разузнавање во петокот претпладне тврдеше дека „црните кутии“ од урнатиот авион се предадени на рускаа Федерална служба за безбедност (ФСБ), за вечерта да соопшти дека тие сѐ уште се на украинска територија./крај/мф/сн
Извор: Reuters/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“.
Видеото го прикажува моментот на нападот.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

