Европа
Украина вклучи во санкциите шпански новинар исчезнат во Сирија
На списокот на новите проширени санкции што ги воведоа во средата украинските власти против Русија во врска со конфликтот во украинските источни рускојазични региони, се најде и шпанскиот новинар Антонио Памплиега, кој во јули годинава исчезна во Сирија.
Украина во средата воведе санкции кои ќе важат една година против 388 физички и 105 правни лица од кои две руски воздухопловни компании кои одамна не постојат, а меѓу кои се државјани на 23 земји. Со дополнувањето на указот на украинскиот претседател Петро Порошенко на списокот фигурира и името на Родригез Антонио Хосе Памплиега и е посочено дека тој е новинар на шпанските весници Quatro, El Pais, El Confidencial…
Меѓутоа, како што објавија од меѓународниот сервис на тиражниот шпански дневен весник El Pais, Антонио Памплиега во моментов се наоѓа во заложништво. Тој напишал неколку стории за интернет делот Планета на иднината, во кои имало неколку белешки од Украина. Во нив Памплиега пишувал од Киев и од местото Првомајска во јануари и март годинава. Во декември 2014 година во El Confidencial била објавена негова репортажа за обуката на „силите за самоодбрана во Украина“, кои се поддржувани од украинските власти. Покрај тоа тој е автор и на блогот „Светот во војна“.
На својата страница на YouTube новинарот објавил видео записи снимени во Украина, а последниот од нив е датиран пред седум месеци. Истовремено, последното видео кое го поставил е посветено на настаните во Сирија, и е датирано од 10-ти мај 2015 година.
Тројца шпански новинари Анхел Састре, Антонио Памплиега и Хосе Мануел Лопез исчезнаа во Сирија кон средината на јули. Тие влегле на сириска територија од Турција на 10-ти јули а од 12-ти јули нема никакви вести од нив. Познато е дека тие работеле во областа на градот Алепо, а се претпоставува дека се грабнати од борците на Исламската држава.
Од 2008 година Памплиега работел во различни кризни жаришта, во Ирак, Либан, Пакистан, Египет, Авганистан, Хаити, Хондурас, Сирија, Сомалија, Јужен Судан. Соработувал со британската телевизија BBC и со американската CNN, со шпанската новинска агенција EFE, со весниците El Pais, El Mundo, Cuatro, Publico, La Razon и телевизијата La Sexta. За време на последниот известувачки ангажман во Сирија, соработувал со порталот Neupic.
Во мај 2015 година Памплиега ја добил Наградата за квалитетно известување за својата работа во Алепо за весникот El Mundo. Покрај тоа, бил и во најтесниот избор за наградата за најдобра репортажа за написот „Деца, загубени во Алепо“, објавена во El Pais. Еден е од првите странски новинари кои ги следеа настаните во Сирија на почетокот од кризата во март 2011 година и во оваа земја престојувал повеќе од десетина пати./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.
Европа
(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка
Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.
На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.
Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.
Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.
„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.