Контакт

Европа

Украинскиот и Европскиот парламент ја ратификуваа спогодбата за придружување

Објавено пред

Украинската Врховна Рада (парламентот) и Европскиот парламент во вторникот го ратификуваа договорот за политичко и економско приближување на Украина на Европската унија, кој кон крајот на ноември 2013 година реши да го суспендира поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, што доведе до реакција на опозицијата поддржувана од Западот и безредија во Киев со кои дојде на власт, а подоцна како реакција на рускојазичната заедница доминанта во источните делови од земјата и до петмесечниот крвав конфликт.
 

dobivaj vesti na viber

Украинската Врховна Рада (парламентот) и Европскиот парламент во вторникот го ратификуваа договорот за политичко и економско приближување на Украина на Европската унија, кој кон крајот на ноември 2013 година реши да го суспендира поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, што доведе до реакција на опозицијата поддржувана од Западот и безредија во Киев со кои дојде на власт, а подоцна како реакција на рускојазичната заедница доминанта во источните делови од земјата и до петмесечниот крвав конфликт.

 

Украинските пратеници, исто така, го изгласаа и законот за „специјалниот статус“ на источните региони, како една од 12-те точки од договорот за прекин на огнот склучен на 5-ти септември во белоруската престолнина Минск. Според агенциите кои се повикуваат на пратенички извори од Украина, овој статус предвидува одреден степен на самоуправа во рок од три години. Радата ќе донесе уште еден закон, оној кој ќе гарантира амнестија за бунтовниците вклучени во борбите со силите лојални на властите во Киев.

Договорот за придружување, чијашто ратификација е усогласена со Европската унија, доби едногласна поддршка од 355 пратеници кои гласале од вкупно 450 пратеници на Врховната Рада, додека за законот за специјален статус на Донецk и Луганск предложен од претседателот Петро Порошенко, гласале 277 пратеници, а за амнестијата 286 украински пратеници. Гласањето во Радата, инаку, се одвиваше без присуство на јавноста.

„Ниедна нација досега не платила толку голема цена да стане европска“, изјави претседателот Петро Порошенко, алудирајќи на стотината жртви во протестите против одлуката на неговиот претходник Јанукович, кој суспендирањето на потпишувањето на договор со ЕУ го правдаше со лошата економска ситуација и нарушување на трговските односи со Русија од која доби заем од 15 милијарди долари и ексклузивно ниска цена за рускиот природен гас. Тоа беше протолкувано како свртување кон Москва, што Западот го искористи да ги поддржи протестите против Јанукович.

Москва, пак, соборувањето на Јанукович и неговата влада го протолкува како „државен преврат“ со кој се соборени легитимно избрани претседател и влада, како и протерување од парламентот на пратениците од дотогаш владејачката Партија на регионите. Набргу потоа прозападните власти во Киев го укинаа законот за јазиците со што рускиот, кој за мајчин го наведуваат барем половина од населениeтo во цела Украина, и над 75 отсто во источните региони, го загуби статусот на службен. Тоа беше сигнал за руската мнозинска заедница на црноморскиот полуостров Крим да распише референдум за враќање на автономијата што ја имал кога бил внесен во советската украинска република, а укината во почетокот на 1990-те со осамостојувањето на Украина, како и да се присоедини кон Руската Федерација. Тоа Западот го смета за нелегитимно и за руска анексија на украинска територија.

Овој след на настаните ја предизвика најлошата криза во односите меѓу Русија и Западот од крајот на Студената војна, по што САД и Европската унија, како и другите нивни сојузници воведоа неколку сетови санкции против руски функционери, банкарскиoт, енергетскиoт и одбранбениот сектор, на што Москва одговори со забрана на увоз на прехранбени производи од ЕУ, САД, Австралија, Канада итн.

Сепак, и покрај санкции од кои трпат и двете страни, Европската унија и Украина минатиот петок за да не се влошуваат дополнително односите со Русија што би било на штета долгорочно на украинските производители и трговци, договорија одложување на примената на Сеопфатната спогодба за трговија до 31-ви декември 2015 година.

„Националната економија има година и половина да стане конкурентна и подготвена за натпреварување на европските пазари. Благодарност за Европа за овој бонус од повеќе милијарди евра“, истакна Порошенко.

Говорејќи за односите со Русија, Порошенко додаде дека „Го издржавме тој силен притисок (од Русија) и не дозволивме да бидеме уценувани. Во спогодбата не е изменет ниту еден збор, ниту една точка“, рече украинскиот претседател.

Европскиот парламент, исто така, во вторникот на пленарна седница во Стразбур го ратификуваше договорот за придружување си Украина, со 535 гласови „за“, 127 „против“ и 35 воздржани. Некои од европратениците, притоа, изразија незадоволство од тоа што примената на трговскиот дел од спогодбата е одложена до почетокот на 2016 година.

Гласањето со коешто беше потврдена спогодбата за придружување и каков нејзин дел договорот за слободната трговија, не значи дека автоматски стапува на сила, туку дека може да започне да се применува привремени, а датумот за почетокот на привремената примена треба да го одреди Советот на Европа. Спогодбата, исто така, мора да биде ратификувана во сите 28 земји членки на Европската унија, за да може да има целосно правно дејствие, за што не се очекуваат проблеми а досега е ратификувана во шест членки.

Беше договорено трговскиот дел од спогодбата да стапи на сила на 1-ви ноември годинава, но на 12-ти септември Украина, Русија и Европската комисија се договорија неговата примена да биде одложена до 31-ти декември 2015 година. Истовремено, ЕУ ќе го продолжи и преференцијалниот трговски режим за Украина до стапувањето на сила на трговскиот дел од спогодбата. Тоа значи дека Украина ќе може да извезува во ЕУ без или со многу мали царини, додека стоките во спротивната насока би биле нормално царинети. Украина, исто така, според договорот ќе продолжи да тргува со Русија според претходниот нивен договор за слободна трговија, што претставува возвратна отстапка од страна на Москва.

„Станува збор за историски момент два парламента истовремено да ја ратификуваат спогодбата. Тоа е слободна демократија, за разлика од диригираната демократија“, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Истакна притоа дека Европскиот парламент секогаш го бранел територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и дека тоа ќе го прави и натаму./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Објавено пред

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.

Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.

Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.

Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.

dobivaj vesti na viber

Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.

Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.

„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.

Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.

Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.

„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.

„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.

Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.

Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки

Објавено пред

Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.

dobivaj vesti na viber

Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.

Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.

Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион1 час

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет3 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа4 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет4 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет4 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион13 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет16 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија19 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија22 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија24 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија1 ден

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...