Европа
Украинскиот парламент ја одби оставката на премиерот Јаценјук и го зголеми воениот данок
Украинскиот парламент не ја прифати во четвртокот оставката на привремениот премиер Арсениј Јаценјук и ги усвои преложените измени на буџетот со кои се зголемува неговата расходна страна во полза на армијата и се избегнува банкрот на државата преку зголемување на даноците.
Украинскиот парламент не ја прифати во четвртокот оставката на привремениот премиер Арсениј Јаценјук и ги усвои преложените измени на буџетот со кои се зголемува неговата расходна страна во полза на армијата и се избегнува банкрот на државата преку зголемување на даноците.
Одлуката за гласањето за (не)прифаќање на оставката беше донесена доцна вечерта минатиот петок на средбата на претседателот на Украина, Петро Порошенко, премиерот Арсениј Јаценјук и претседателот на Врховната Рада (парламентот) Олександр Турчинов. Дел од вонредната седница на парламентот во четврток се одвиваше зад затворени врати, и на неа се разговараше за падот на малезискиот „Boeiнг 777“ на 17-ти јули за кој Киев и САД без да изнесат конкретни технички податоци тврдат дека се соборен со проектил земја-воздух над источна Украина која ја контролираат проруските бунтовници.
„Го прифативме во целост законот кој го дополнува државниот буџет за 2014 година“, изјави спикерот на украинскиот парламент Турчинов.
Јаценјук бараше промени на буџетот за да се надвладее кризата која настапи со намалените приходи и ја зголеми вкупната потрошувачка. Бараше да се одобрат дополнителни 9,1 милијарди гривни, околу 750 милиони американски долари.
Покрај тоа Врховната Рада, на затворената седница во четвртокот направи измени во украинскиот даночен законик воведувајќи привремен данок од1,5 отсто на платите на вработените, извести по седмицата Турчинов. Според плановите на украинските власти, овој данок би требало да биде на сила до крајот на годината како дополнување на данокот на физички лица, а сите приходи од него ќе бидат насочени кон финансирање на вооружените сили.
„Со цел да се обезбеди финансирање на подобрувањето на одбранбените способности на земјата, предложено е привремено до 1-ви јануари 2015 година, да се воведе ново оданочување – воен данок. Овој данок ќе се наплаќа по стапка од 1,5 отсто од персоналниот данок за физичките лица во форма на пари и други стимулации и компензации за исплата… “, се наведува во делот од предлог законот во кој увид имаа украинските медиуми.
Владата во Киев очекува со него да оствари приход од 2,9 милијарди гриви, или 241 милион долари.
Премиерот Арсениј Јаценјук, минатиот четврток објави дека поднесува оставка, откако две партии од парламентарното мнозинство решија да излезат од коалицијата со што му се создаде простор на претседателот Порошенко да распише избори во октомври, токму во екот на економската криза и во вооружениот судир со проруските бунтовници. Порошенкој, пак, се огласи по повод оставката минатиот петок и изрази надеж „во продолжување на соработката“ со Јаценјук.
Поднесувајќи ја оставката Јаценјук предупреди на драматичните последици од распуштањето на коалицијата за Украина. Истакна дека важните закони не се изгласани, прашувајќи кој би гласал за непопуларните закони пред изборите. Го оцени како морално и политичко злосторство поради ставањето на тесните партиски интереси на коцка судбината на земјата. Јаценјук се реши на овој чекор откако беа блокирани предложените закони за енергетиката и ребалансот на буџетот во врска со зголемувањето на воените трошоци.
Двете парламентарни групи, УДАР на Виталиј Кличко кој стана градоначалник на престолнината Киев со поддршка на претседателот Петро Порошенко во чија полза претходно ја повлече својата претседателска кандидатура, и националистичката партија Слобода, за која се врзува ултранационалистичкото движење Десен сектор, како и фракционери од пратеничката група на најбројната партија Баткившчина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенк го објавија растурањето на мнозинската парламентарна коалиција што ќе овозможи распуштање на актуелниот состав на Врховната Рада.
„Сметаме дека во сегашната ситуација парламентот кој ги штити државните криминалци и руските агенти, кој одбива да им го укине имунитетот на оние коишто работат за Кремљ, не треба ни да опстане“, изјави челникот на Свобода, Олег Тјагнибок.
Украинскиот претседател Петро Порошеко го поздрави излегувањето на двете партии од владејачката парламентарна коалиција, истакнувајќи дека „Украинците сакаат целосно нов почеток“./крај/мф/сн
Извор: ukraina, jacenjuk, danok,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

