Контакт

Европа

Украинскиот парламент усвои декрет за мобилизација

Објавено пред

Парламентот во Украина во вторникот усвои претседателски декрет за мобилизација на резервисти и мажи помлади од 50 години за борба со проруските сили во источна Украина.

Околу 45 дена по претходниот декрет за мобилизација, кој истече, Киев повторно носи декрет за „прогласување и спроведување на делумна мобилизација“ за „антитерористичката операција“ како што ја нарекуваат украинските власти, а која се одвива во источна Украина.

 

По гласањето во парламентот дошло до краткотрајни немири помеѓу националистичките политичари и членови на партијата чиј лидер беше поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, кој беше симнат од власта во февруари, пренесува Reuteurs.

 

Украинските сили успеале да ги притеснат проруските сили во главните упоришта Донецк и Луганск, полека заземајќи ги околните села и приградските населби.

 

Украинската војска има наредба да не ги користи воздушните напади и артилеријата во овие градови./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Германската влада усвои историска стратегија за родова еднаквост

Објавено пред

Германската влада усвои стратегија насочена кон зајакнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во сите идни закони и програми финансирани од владата.

Ова е првпат германската влада да се посвети на меѓуресорска стратегија за зајакнување на родовата еднаквост, тема што претходно беше препуштена на Министерството за жени.

И покрај родовата еднаквост утврдена во германскиот Устав, потребни се децении целата власт да се заложи за спроведување на истата, рече Франциска Гифеј, министерка за семејни прашања, стари граѓани, жени и млади.

Целите на стратегијата се да се назначат повеќе жени на лидерски позиции, да им се помогне на жените во спроведувањето на семејните и работните обврски и да се поттикне поправична поделба на грижата.

Гифеј вели дека има уште многу работа во овие области и дека стратегијата е пресвртница што ќе служи како важна основа за идните влади.

Овој потег на владата се случува еден ден откако Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел го прифати предлогот за зголемување на застапеноста на жените во партијата на 50 проценти до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Корушка задолжително носење маски и во текот на ноќта, од 21 до 2 часот наутро

Објавено пред

Од петок австриската покраина Корушка воведува задолжително носење заштитни маски ноќе во туристички места.

Сите ќе треба да носат маски од 21 до 2 часот наутро на места како што се Фелден, Клопаинер Зе, Факер Зе, Вертер Зе.

„Фелден не треба да стане летен Ишгл“, истакна членот на покраинската влада надлежен за туризам, Себастијан Шусниг.

Тој посочи дека апелите да се избегнуваат собири на граѓани, да се почитуваат мерките за далечина и хигиена, не биле доволни.

Затоа, како превентивна мерка, донесена е одлука да се воведе обврска за носење маски ноќе.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани

Објавено пред

Австриската влада донесе одлука да го прошири списокот на држави за кои важи предупредувањето за патување во Романија, Бугарија и Молдавија и најави строги контроли на своите источни граници.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, по владината седница, рече дека состојбата во врска со коронавирусот на Балканот и Балтикот се влошила и дека има сè повеќе случаи на инфекција во Австрија увезени од исток.

„Се соочуваме со сè поголем увоз на зараза од странство. Затоа нашиот итен апел е да не се патува во тие земји“, објасни тој.

Курц потсети дека за тие земји важи мерката за двонеделен карантин.

„Прекршувањето на карантинот е сериозно кривично дело и кој и да го стори тоа, мора да смета на глоба до 1.450 евра. Кој е позитивен на тестот и ја нарушува карантинската одлука, сторил кривично дело и мора да смета на јасно построга казна“, истакна Курц.

Тој најави дека ќе се спроведуваат построги контроли на карантин, но и на границите кон исток.

„Повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани“, додаде Курц најавувајќи дека бројот на полицајци на границата ќе биде удвоен на 1.800.

Претходно овој месец австриската влада одлучи да ги стави државите од Западен Балкан на списокот на земји за кои важи предупредувањето за патување, врз основа на кое сите оние што се враќаат во Австрија, а престојувале во земјите од поранешна Југославија, мора да одат на двонеделен карантин или да имаат негативен PCR-тест.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјава само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјава само со негативен тест за...

Регион55 минути

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија1 час

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион10 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион12 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион13 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет15 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион17 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија18 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија18 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија21 час

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион21 час

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион21 час

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион22 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија23 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет24 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет24 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 ден

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија1 ден

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион1 ден

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Досие