Контакт

Европа

Ван Ромпуј: Европа мора да го пронајде вистинскиот баланс

Објавено пред

Европа мора да го пронајде својот баланс, порачал во средата претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, коментирајќи го неуспешниот обид на Велика Британија да го блокира изборот на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија (ЕК), пишува порталот EurActiv.

 

Со децении, Европа е позната по својата отвореност. Сега, таа се смета за натрапник. Мораме да го пронајдеме балансот“, изјавил Ван Ромпуј, потенцирајќи дека земјите членки на Унијата мора да се посветат на прашањата, како што се имиграцијата и општествената нееднаквост.

 

„Не само бизнисите, туку и вработените мораат да имаат корист од ЕУ. Не само оние што се движат, туку и оние кои остануваат“, изјавил белгискиот политичар.

 

Говорејќи за Еврозоната, Ван Ромпуј ја нагласил потребата од понатамошна интеграција, пред сè поради должничката криза, додавајќи дека „ова не треба да го наруши оригиналниот договор во срцето на ЕУ, особено за оние земји членки кои ја немаат и нема да ја додадат заедничката валута“.

 

Во заклучоците на Европскиот совет, кој заседаваше минатата недела, европските лидери упатија и утешителна порака до Велика Британија, тврдејќи дека „концептот за што поблиска Унија дозволува различни патеки на интеграција за различни земји“.

 

„Ова е првпат да го тврдиме ова и се надеваме дека ќе ги увериме сите во Велика Британија“, порачал Ван Ромпуј, во однос на растечкиот јаз меѓу Обединетото Кралство и остатокот од ЕУ, за идните насоки на Унијата./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шпанија воведе карантин за уште 70.000 лица

Објавено пред

Официјални лица во северозападниот шпански регион Галиција повторно воведоа ограничувања за околу 70.000 луѓе по избувнувањето на заразата.

Излегувањето и влегувањето во крајбрежната област А Марина е дозволено само за оние кои одат на работа од недела на полноќ до петок, јавува „Би-би-си“.

Овој потег се случи само еден ден откако регионот Сегрија во Каталонија воведе слична блокада.

Низ целата земја епидемијата на коронавирус е ставена под контрола.

Шпанија забележа повеќе од четвртина милион случаи и најмалку 28.385 смртни случаи.

Во последните три недели, земјата бележи едноцифрени бројки на смртни случаи.

Шпанија ги отвори своите граници кон другите земји од ЕУ, како и со Велика Британија.

Регионалните службеници за здравство соопштија дека патувањето до и од округот А Марина ќе биде строго ограничено на пет дена – иако луѓето останаа слободни да се движат во областа.

Собирите се ограничени на 10 лица, а носењето заштитни маски е задолжително надвор.

Официјални лица ги поврзаа епидемиите со баровите во регионот. Капацитетите во баровите и рестораните сега се ограничени на 50 проценти.

Во Галиција во моментов има 258 случаи на коронавирус, вклучувајќи 117 во провинцијата Луго, каде што се наоѓа Марина, соопштија официјалните лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Дуда би го сменил полскиот Устав за да забрани геј двојките да посвојуваат деца

Објавено пред

Една недела пред вториот круг на претседателските избори во Полска, претседателот во заминување Анджеј Дуда рече дека ќе се обиде да го промени Уставот за да им забрани на истополовите парови да посвојуваат деца.

Предлог-законот ќе пристигне на разгледување во парламентот во понеделник, најави Дуда.

Неговиот либерален ривал во вториот круг на изборите, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, исто така рече дека е против посвојувањето деца од истополови двојки, јави новинската агенција ПАП.

Пратеникот и ЛГБТ активист, Криштоф Смишек, го критикуваше Дуда дека предложил нешто што нема да добие потребно мнозинство во парламентот.

„Тоа е обид да се мобилизира страв со цел да се соберат гласови“, рече Смишек.

Според последните анкети, Дуда има мала предност пред Трзасковски и се предвидува дека ќе победи со 50,9 проценти од гласовите.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Објавено пред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се препознаат регионалните жаришта.

Тој изјави дека заради тоа, потребно е да се инвестира во брзи тестови.

„Ќе мора да продолжиме да се носиме со коронавирусот сè додека не се најде лек или вакцина. Тековната состојба може да се спореди со хармоника, која постојано е во движење. Секогаш ќе има чекори напред и назад. Така е и во другите земји со кои разменуваме информации, како на пример Израел и Австралија. Мора да бидеме побрзи во тестирањето и ќе инвестираме 390 милиони евра во брзи тестови“, објасни Курц во интервју за виенскиот весник „Остерајх“.

Тој нагласи дека кога има инфекција, заболените треба што поскоро да се изолираат за да се прекине синџирот на пренесување, што е направено, на пример, во покраината Горна Австрија, каде што училиштата беа затворени поради жариште.

Канцеларот посочи дека граѓаните никогаш не смеат да заборават дека вирусот не исчезнал и оти пандемијата продолжува.

„Иако времето е убаво и учебната година заврши, мора да останеме внимателни. Потрошувачката, храната, шопингот се важни за нашата економија, но неопходно е да се почитуваат потребните правила во овие активности, особено одржувањето на физичко растојание“, рече Курц.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 минути

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет25 минути

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура28 минути

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија31 минута

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион15 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион16 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава17 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет18 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт19 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија19 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ20 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија22 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија23 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ23 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа2 дена

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија2 дена

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Досие