Европа
Варуфакис советник на британските лабуристи

Јанис Варуфакис, самонаречениот „непредвидлив марксист“ кој во борбата против меѓународните доверители околу условите на финансиската помош на Грција ја доведе земаа до самиот раб на излегување од еврозоната, има нова улога на советник на британската Лабуристичка партија, јавува во понеделникот Reuters.
Поранешниот грчки министер за финансии, познат по тоа што не носи вратоврски и тврди дека Европската унија се распаѓа, ќе ги советува лабуристите благодарејќи на своето преговарачко искуство во текот на должничката криза еврозоната, потврдил лабуристичкиот челник Џереми Корбин.
„Мислам дека е страшно на кој начин се постапуваше до Грција и дека на Грците треба да им пружиме рака“, изјави Корбин кој партијата на Тони Блер и потоа на Гордон Браун по преземањето на челната позиција во 2015 година ја сврти во лево.
„Варуфакис ни е интересен бидејќи преговараше и со Европската централна банка (ECB), со Европската комисија и со Меѓународниот монетарен фонд (IMF)“, додава Корбин во разговорот за Islington Tribune.
Варуфакис, економист кој образованието го стекнал во Велика Британија кој должноста грчки министер за финансии ја извршуваше шест месеци, ги разгневи колегите од земјите од еврозоната упорно одбивајќи ги условите за третиот пакет помош во замена за реформите.
Оставката ја поднесе во јули 2015 година, набрзо откако премиерот и негов близок пријател Алексис Ципрас, конечно сепак ги прифати условите на доверителите за да го избегне банкрот на Грција и исфрлањето од зоната за заедничката валута.
„Двајцата сакаме да изградиме економска стратегија спротиставена на строгите мерки за штедење и двајцата нé загрижуваат активностите и моќ на ECB“, истакнува челникот на британските лабуристи./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин