Европа
Веќе 12 жртви во нападот врз редакцијата на Charlie Hebdo, осуди од сите страни – видео
Веќе дванаесет лица, од кои двајца полицајци, се меѓу жртвите а десетина се ранети од кои некои тешко во нападот кој го извеле најмалку двајца маскирани напаѓачи врз редакциите на неделникот Charlie Hebdo во центарот на француската престолнина Париз, во незапаметен напад врз новинарска институција, а осуди пристигнуваат од сите страни.
Веќе дванаесет лица, од кои двајца полицајци, се меѓу жртвите а десетина се ранети од кои некои тешко во нападот кој го извеле најмалку двајца маскирани напаѓачи врз редакциите на неделникот Charlie Hebdo во центарот на француската престолнина Париз, во незапаметен напад врз новинарска институција, а осуди пристигнуваат од сите страни.
Француските медиуми објавија фотографии и снимки кои покажуваат како избегале напаѓачите кои ја нападнаа редакцијата. Како што пренесува телевизијата BFM TV, терористите извикувале „Се одмаздивме за пророкот Мухамед, го убивме Charlie Hebdo“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд веднаш пристигна на местото на трагедијата која се случи во резиденцијалниот кварт Ил-де-Франс, на француската престолнина Париз, нарекувајќи го овој настан „терористички напад“ и „чин на извонредно ѕверство“. Станува збор за најсмртоносниот напад строен на територијата на Франција во последните најмалку 40 години.
Премиерот Маниел Валс изјави дека „сите методи ќе бидат искористени за утврдување на личностите, за да се најдат и да се уапсат извршителите на нападот“.
Освен 12-те убиени, четири од ранетите лица се во „критична состојба“, изјави претседателот Оланд, повикувајќи на „национално единство“.
Итниот состанок на владата започна во 14 часот по локално време, објави Елисејската палата. Во париската област степенот на приправноста е кренат на најголемото новина, објави кабинетот на премиерот Валс.
„Околу 11,30 часот двајца мажи во црни качулки вооружени со машинки ‘калашников’ и рачен фрлач на ракети упаднаа во редакцијата на Charlie Hebdo во парискиот 11-ти арондисман. Дојде до размена на оган со полициските службеници“, изјавил за AFP неименуван извор близок на истрагата.
Бегајќи од местото на нападот, двајцата напаѓачи со куршум раниле полицаец, под закана со оружје запреле автомобил и побегнале со него, притоа соборувајќи на почва еден случаен минувач.
„Слушнав истрели, видов луѓе со фантомки кои заминуваат со автомобил, ги имаше најмалку петмина.“, изјавил очевидецот Мишел Голденберг кој работи во канцеларија во истата лица „Никола Апер“ во кој се наоѓа редакцијата на неделникот. Друг сосед изјави дека слушнал „триесетина истрели во текот на десетина минути“.
Веднаш по нападот НАТО и Европската унија силно го осудија терористичкиот напад врз редакцијата на сатиричкиот неделник Charlie Hebdo.
Силно го осудувам терористичкиот напад врз просториите на неделникот Charlie Hebdo во Париз. Тоа беше варварски акт и срамотен напад врз слободата на медиумите. Сите членки на НАТО се обединети во борбата против тероризмот. Тероризмот во сите негови облици и манифестации никогаш не може да се толерира ниту да се оправда“, се вели во изјавата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,
Претседателот на Европската комисија, Жан-Колд Јанкер, изјави дека е шокиран од бруталниот напад. „Длабоко сум шокиран од бруталниот и нехуман напад врз редакцијата а Charlie Hebdo .Тоа е акт кон не може да се толерира, варварство кое сите не доведува во прашањето и не опоменува и како човечки суштества и како Европејците“, изјави Јункер, изразувајќи солидарност со Франција.
Белата куќа најостро го осуди нападот врз редакцијата на сатиричниот неделник, „Белата куќа се солидализира со семејствата на убиените и ранетите во тој напад“. Високи функционери на Белата куќа се во близок контакт со француските колеги. САД се подготвени да соработуваат со Французите и да помогнат во водењето на истрагата“ изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест за телевизиската мрежа MSNBC.
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека нападот во Франција не е само напад врз француските граѓани и нивната безбедност, туку и врз слободата на медиумите и говорот. „На ниеден начин не може да боде оправдан“, се наведува во писмената изјава на Меркел, Истакнува дека Германија е со Франција во „овие тешки медиуми“.
Британскиот премиер Дејвид Камерин го осуди „грозниот терористички напад“ и изрази солидарност со Франција. Убиствата сторени во Париз се грозни. Ние сме со францускиот народ во борбата против тероризмот и за заштита на слободата на медиуми“, наведува Камерон на Twitter. Само неколку минути подоцна Камерон го отвори заседанието на британскиот парламент и повија на единство со Франција соочена со тероризмот.
Шпанија во средата го осуди „подмолниот и кукавички терористички напад“ и се заложи за слобода на медиумите како „темелно право“. „Со ужасот ја слушнавме веста за подлиот и кукавички напад врз редакцијата на Charlie Hebdo во Париз“, се вели во соопштението на шпанската влада во соопштението. Владата во Мадрид во името на шпанскиот народ изрази најостра осуда во тој напад, „Шпанија најсилно ја брани слободата на печатот како темелно и неоттуѓиво право“, се додава во текстот,/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

