Европа
Вештак: За новогодишниот хаос во Келн е виновна полицијата
Извршителите на масовни сексуални злоставување и кражби на минувачите за време на новогодишната ноќ на железничката станица во Келн не делувале според претходен договор, а за ескалацијата е виновна полицијата која не дејствувала правовремено, се наведува во стручното вештачење направено по налог на парламентот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, чии делови во среда ги пренесуваат германските медиуми.
„Големо мнозинство извршители во Келн не дошле со намера да вршат кривични дела. До ескалацијата дошло откако масата забележала дека полицијата не реагира на грабежите и сексуалните вознемирувања врз жените“, се вели во вештачењето на познатиот криминалистички вештак Рудолф Ег.Тој во своето вештачење говори за теоријата на „скршен прозорец“, која означува ситуација во која извршителите полесно одлучуваат да извршат некое казнено дело ако знаат дека нема да бидат откриени и процесуирани.„Токму тоа се случи во Келн за време на новогодишната ноќ. Дури кога извршителите увиделе дека полицијата не реагира, дошло до ескалација и масовно злоставување на жените“, пишува во стручната проценка.Државното обвинителство во Келн примило околу 1200 пријави заради казнени дела извршени за време на новогодишната ноќ. Од нив околу 500 се за сексуални деликти.Засега само неколку извршители се осудени за настаните на новогодишната ноќ/Извршителите се исклучиво мигранти од подрачјето на северна Африка, а меѓу нив имало многу што во 2015 година пристигнале во Германија како бегалци.Комплетниот извештај на Ег ќе биде презентиран на една од седниците на покраинскиот парламент во октомври.Настаните за време на новогодишната моќ во голема мера влијаеја врз перцепцијата за мигрантите, кои во Германија минатата година пристигнале во бројка од 830 илјади. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

