Европа
Виртуелани киднапирања деца во Каталонија

Полицијата во Каталонија предупредува дека се појавиле случаи на `виртуелни киднапирања`, кога родители добиваат телефонски повици дека нивните деца се киднапирани, а тие всушност се на сигурно.
Полицијата во Каталонија предупредува дека се појавиле случаи на `виртуелни киднапирања`, кога родители добиваат телефонски повици дека нивните деца се киднапирани, а тие всушност се на сигурно.
Луѓе кои сакаат да земат пари од родителите им се јауваат на телефон и им велат дека нивните деца се киднапирани, додека тие се на сигурно, соопшти каталонската полиција.
Целта е да се исплашат родителите и да дадат откуп пред да сфатат дека нивните деца всушност не се киднапирани.
Повеќето повици се направени случајно, па така некои од потенцијалните жртви не ни имаат деца.
Но, за некои телефонски повици, изнудувачите направиле истражување пред тоа, застанувале луѓе на улица и ги прашувале со цел да пополнат анкета, за телефонските навики на нивните деца, пишува весникот La Vanguardia.
Каталонската полиција истражува три случаи на виртуелни киднапирања во Барселона, во Џирона и во Баиз Љобрегат.
Во 2013 година, шпанската индијанска група Делореани беа жртви на виртуелно киднапирање во Мексико, кога беа земени како заложници од криминалци облечени како телохранители и беа одведени во друг хотел.
Киднаперите тогаш се јавиле кај членови на семејствата во Баскија и се обиделе да изнудат пари од нив. Киднапирањето траело 30 часа, пред полицијата да ја спаси групата.
Вообичаени методи на овој вид киднапирања се да се убедат заложниците дека се во опасност, а тие да станат недостапни или мистиериозно отсутни.
Измамниците се преправаат дека се полицајци кога се јавуваат на жртвите и бараат од нив да ги исклучат мобилните телефони и да се скријат некаде каде нема сигнал за никој од нивните да не може да ги добие.
Во 2015 година, ФБИ издаде соопштение со предупредување за бран `виртуелни киднапирања` во Њујорк, а нивните методи наликуваат на овие во шпанските случаи.
Родителите биле повикувани и им било кажувано дека нивните деца се киднапирани, а јавувачите се надевале дека ќе изнудат пари, пред родителите да откријат дека нивните деца се на сигурно./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин