Европа
Во Австрија во првите акциите уапсени пет криумчаири и 200 бегалци

Австриската полиција во рамките на новата операција на засилена контрола на граничните области во понеделникот уапсила пет шверцери со луѓе и запрела околу 200 бегалци, изјавија високи полициски функционери на прес-конференција.
Директорот за јавна безбедност во министерството за внатрешни работи Конрад Кеглер изјави „Во првите часови од примената на мерките коишто ги усогласивме со Германија, Унгарија и Словачка, успеавме во разни возила да откриеме 200 бегалци и уапсивме пет криумчари суд“.
Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Мил-Лејтнер изјави дека контролите спроведен во граничното подрачје не се гласични гранични контроли и дека со нив не се прекршуваат шенгенските прописи.
Австрија ги зајакна контролите на источните граници кон Унгарија, Словачка, Словенија и Чешка, откако напуштен камион со 71 мртви бегалци беше откриен во четвртокот беше откриен на австриски автопат на кој влегол од Унгарија.
На унгарскиот дел од автопатот кој ги поврзува Будимпешта и Виена во понеделникот почнаа да се создаваат километарски колони, откако Австрија воведе построги контроли, пренесе унгарската новинска агенција MTI.
На автоматот М1 колоната достигнала должина од 20 километри, а колони почнале да се создаваат на другите унгарски сообраќајници кон Австрија.
Во изминатите три дена унгарската полиција привеле 8.792 мигранти кои илегално влегле во Унгарија, главно од Србија./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“