Европа
Во ЕУ има 510 милиони жители
Бројот на жителите во Европската унија во 2016 година се проценува на 510,1 милиони луѓе, што е за два милиона повеќе отколку во претходната година, објави во петокот Eurostat.
Во текот на минатата 2015 година во Европската унија биле родени 5,1 милиони деца, но повеќе од 5,2 милиони луѓе починале, што значи дека Унијата првпат забележала негативен природен раст.
Бројот на жителите во ЕУ пораснал поради доселувањата, објави Eurostat пред Светскиот дена на населението кој се одбележува на 11-ти јули.
Најмногу жители имаат Германија – 82,2 милиони, Франција – 66,7 милиони, Велика Британија – 65,3 милиони и Италија 60,7 милиони. Во овие четири земји живееле лани повеќе од половината жители на ЕУ, имајќи предвид дека Велика Британија по референдумот од 23-ти јуни одлучи да истапи од досега 28-члениот блок.
Бројот на жителите е зголемен во 17 земји на ЕУ, а најмногу во Луксембург 23,3 жители на илјада, во Австрија 0 14,4 промили, во Германија – 11,8, во Малта 0 11,7 и во Шведска за 10,6 промили.
Најголем пад на населението по земја членка на Унијата е забележано во Литванија – 11,3 промили, Латвија – 8,7 промили, во Хрватска – 8,2 промили, Бугарија – 6,7 и во Грција – 6 промили./крај/мф/сн
Извор: Eurostat
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Виткоф: Во преговорите меѓу Русија и Украина остана само едно прашање
Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател за разговорите Украина-Русија, денес нагласи дека останува „само едно прашање“ што може да се реши ако двете страни сакаат.
Виткоф се придружи на панел-дискусија за Украина во Давос, велејќи дека преговорите се „на крајот од процесот“ и дека е „оптимист“.
„Се сведовме на едно прашање, разговаравме за различни верзии од него, што значи дека е решливо“, нагласи американскиот мултимилијардер кој беше назначен за пратеник од Доналд Трамп пред 11 месеци.
„Ако двете страни сакаат да го решат, ние ќе го решиме“, рече тој.
На панел-дискусијата, Виткоф го пофали украинскиот преговарачки тим, со кого „поминал повеќе од сто часа“ од состаноците во Женева.
„Буквално е толку обемно“, рече пратеникот, кажувајќи им на Украинците во салата дека се претставени од „неверојатен преговарачки тим“.
По Давос, Виткоф патува за Москва, каде што е најавен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и за Абу Даби, каде што работни тимови од Украина и Русија работат на преговорите.
„Мислам дека ќе успееме“, ја заврши својата интервенција пратеникот.
Европа
(Видео) Погоден нафтен терминал во Русија, има загинати
Во напад врз нафтен терминал во близина на селото Волна во руската Краснодарска област загинаа две лица, соопшти гувернерот Венијамин Кондратиев доцна вчера вечер.
„Нафтениот терминал моментално е во пламен, погодени се четири резервоари со нафтени производи. 29 парчиња опрема и 97 лица, вклучувајќи ги и припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации, се ангажирани во отстранувањето на последиците“, рече Кондратиев.
On Wednesday evening, Ukraine carried out strikes on the Tamanneftegaz oil and gas terminal located near the settlement of Volna in Krasnodar Krai, southern Russia.
A video below shows the activity of Russian air defenses in the area and the moment of one of the Ukrainian… pic.twitter.com/GBEXwOiJx1
— Status-6 (War & Military News) (@Archer83Able) January 21, 2026
Тој додаде дека ова е втора ноќ по ред Краснодарската област да биде изложена на напади. Во ноќта од вторник кон среда, беспилотно летало ја погоди рафинеријата Афипски. Во објектот избувна пожар. Тоа е една од најголемите рафинерии во јужна Русија, која и претходно беше цел на напади со беспилотни летала. Пожари беа регистрирани таму и по нападите во септември и ноември минатата година.
Украина ги смета руските енергетски објекти за воени цели бидејќи тие директно ја финансираат војната на Русија против Украина. Киев редовно извршува напади длабоко на руска територија со цел да ги ослабне воените способности на Кремљ.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.

