Европа
Во Германија зголемен бројот баратели на азил, намален приливот на нови
Повеќе од 180.000 луѓе побарале азил во Германија во првиот квартал од годинава, што е значителен пораст во однос на истиот лански период, додека истовремено, особено по затворањето на ткн балканска рута, бројот на оние кои во земјата дошле со цел да побараат азил драстично се намалил, соопшти во петокот германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.
„Повеќе од 180.000 луѓе побараа азил во првото тримесечје од годинава“, изјави министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер на прес-конференцијата во Берлин, истакнувајќи дека тоа претставува пораст од 112 отсто споредено со истиот период минатата 2015 година.
Таквиот пораст го толкуваше со фактот дека повеќе од милион бегалци кои минатата година пристигнале во Германија прво биле регистрирани во центрите за нивно прифаќање, каде со седмици и месеци чекале пред да можеле да го поднесат барањето за азил.
Истовремено, додаде де Мезиер, бројот на потенцијалните баратели на азил од почетокот на годинава се намалил.
„Во март во Германија пристигнале 20.000 бегалци и баратели на азил, што претставува драстичен пад во однос на февруари и јануари, кога беа регистрирани 60 односно 90 илјади бегалци“, изјави министерот кој доаѓа од Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, претставувајќи ги статистичките податоци за првиот квартал од 2016 година.
Де Мезиер драстичниот пад на бегалците го поврза со затворањето на ткн балканска рута, иако само до неодамна германската влада го критикуваше „едностраниот“ потег на земјите по должина на рутата по која имигрантите и бегалците се движеа кон западот и северот на Европа.
Германскиот министер за внатрешни работи истовремено одби да даде прогноза во врска со бројот на бегалците коишто оваа година би можеле да пристигнат во земјата. „Сé уште не знаеме како ќе се применува договорот меѓу Европската унија и Турција. Во моментов не можам да давам сериозни прогнози“, коментираше.
Де Мезиер, исто така, појасни и дека во последниот период се зголемил и бројот на протерување на оние лица на коишто им е одбиено барањето за азил. Најголем број азиланти, пак, во Германија и натаму доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак.
Германија по постигнатиот договор со Тунис започна и со групно протерување на државјаните на оваа земја, коишто особено негативно се сфатени во тамошната јавност во текот на новогодишната ноќ, кога во низа германски градови, а особено во центарот на Келн стотици жени беа сексуално малтретирани, ограбени а имаше и случаи на силување, а подоцна се покажа дека најголемиот број сторители се имигранти од земјите на северна Африка.
Германија во 2015 година регистрирала влез во земјата на околу 1,1 милини имигрант. Зборувајќи за можностите за нивно прифаќање, де Мезиер рече дека германскиот капацитет во 2016 година е „голем“. „Колку повеќе сме уверени во својата слобода и своето наследство, толку повеќе ќе бидеме способни за толеранција и овозможување на интеграцијата“ на имигрантите, изјави германскиот министер за внатрешни работи./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

