Европа
Во Русија уапсена нова група терористи на IS кои подготвувалe напади
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти во вторникот дека се уапени припадници на група којашто била поврзана со ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS), којашто подготвувала терористички напади во главниот град Москва и во претежно муслиманската кавкаска република Ингушетија.
Групата била формирана од припадник на Исламската држава, своевиден претставник на џихадистичката групација, кој бил ликвидиран во текот на антитерористичка операција во Ингушетија на почетокот од октомври, пренесуваат руските агенции повикувајќи се на безбедносни извори.
Уапсени се вкупно пет припадници на оваа група. Во објектите во кои се криеле уапсените, и во специјално направени скривници, припадниците на ФСБ пронашле арсенал, меѓу кој имало пет единици огнено оружје, две подготвени импровизирани експлозивни направи, секоја од десетина килограми тротил, како и опрема за снајперска пушка.
Ова апсење доаѓа откако кон крајот на минатата седмица руските безбедносни служби разбија група од десет доселеници од муслиманските земји од Централна Азија, кои планирале, како што беше соопштено, координирани терористички напади во Москва и во Санкт Петербург, слични на парискиот масакр од ланскиот 13-ти ноември кога во француската престолнина беа убиени 130 луѓе.
Кај оваа група, исто така, беа откриени значителни количества оружје, експлозиви и телекомуникациска опрема. Истрагата соопшти дека уапсените веќе дале признанија за своите активности, меѓу другото, и дека биле во контакт со челниците на Исламската држава во Сирија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.