Европа
Во Сирија убиени 160 руски припадници на Исламската држава
Руските власти во четвртокот објавија дека во Сирија досега биле убиени 160 државјани на Русија кои се борат на страна на Исламската држава.
Заменик министерот за надворешни работи Олег Сиромолотов изјави дека околу 2.700 Руси учествуваат во судирите во Сирија, од кои 73 се вратиле во државата осудени, а 36 се уапсени.
Русија во септември започна воздушна кампања врз позициите на Исламската држава во Сирија.
Претседателот Владимир Путин вети дека ќе ги зајакне нападите откако е потврдено дека експлозија на бомба го соборила рускиот авион со 224 патници и членови на екипажот./крај/мф/ап
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух
Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го прикажува авионот како се распаѓа во воздух.
Ан-22 се урна минатиот вторник. Руската државна новинска агенција Тасс објави, повикувајќи се на службите за итни случаи, дека сите седум членови на екипажот загинале во несреќата.
✈️Moment of the crash of the Russian military transport aircraft An-22 https://t.co/TnvYdBNXB9 pic.twitter.com/7u5xoRh2wx
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) December 14, 2025
Се верува дека инцидентот е предизвикан од технички дефект на авионот, кој е во употреба повеќе од 50 години, објави подоцна деловниот весник „Комерсант“, повикувајќи се на анонимни извори. Тасс соопшти дека авионот бил на закажан лет по поправките и се урна во близина на резервоар. Остатоците од авионот се пронајдени во водата.
Европа
Зеленски стигна во Берлин, ќе се сретне со американскиот преговарачки тим
Украинскиот претседател Володимир, Зеленски, пристигнал во Берлин, каде што во текот на денот треба да се сретне со американскиот преговарачки тим за да разговара за предлогот за постигнување мир во Украина.
– Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството со Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се случи. Сметаме на конструктивни разговори – рече Зеленски во објава на платформата X.
Тој рече дека сè уште не добил официјален одговор од Соединетите Американски Држави на најновите предлози за мировен план.
Пред неговото пристигнување, Зеленски нагласи дека сака да ги убеди Американците да ја поддржат идејата за замрзнување на фронтовската линија во Украина во нејзината сегашна состојба пред било какви преговори со Москва.
Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп.
Извори од германската влада за „Билд“ изјавија дека разговорите со претставниците на Украина во Берлин ќе траат два дена , а дека денес ќе се одржат прелиминарни разговори со советници за надворешна политика, вклучувајќи ги и претставниците на САД и Украина.
Европа
Речиси три четвртини од Европејците ја поддржуваат ЕУ, рекордна поддршка за еврото и за заедничка одбрана
Речиси три четвртини од граѓаните на Европската Унија (ЕУ) сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Унијата, покажува најновиот Евробарометар.
Според податоците, 59% од Европејците се оптимисти за иднината на ЕУ, а 73% се чувствуваат како граѓани на Унијата. Довербата во институциите останува висока, при што 48% изјавиле дека им веруваат на европските институции.
Анкетата покажува и рекордна поддршка за еврото – 74% од испитаниците го поддржуваат воведувањето на единствената валута, а во Еврозоната процентот изнесува 82%.
Во однос на заедничката одбрана и безбедност, 79% од граѓаните го поддржуваат воспоставувањето на заедничка политика меѓу земјите-членки, што е втор највисок резултат од 2004 година. Повеќе од две третини (67%) сметаат дека ЕУ е „место на стабилност“ во свет полн со немири, а 83% веруваат дека Унијата треба да ги диверзифицира трговските односи за да ја зајакне економската независност.
77% од Европејците сметаат дека инвазијата е закана за безбедноста на ЕУ, додека 73% ја поддржуваат економската блокада на Русија. Повеќе од три четвртини (81%) го поддржуваат приемот на бегалци од Украина, а 57% се согласуваат со финансирање на набавката и испораката на воена опрема за Киев.
Граѓаните сметаат дека главните приоритети на буџетот на ЕУ треба да бидат вработувањето, социјалните прашања и јавното здравје (42%), образование, култура и медиуми (36%) и одбрана и безбедност (35%).
Истражувањето, спроведено помеѓу 9 октомври и 5 ноември 2025 година во сите 27 земји-членки, вклучуваше 26.445 интервјуа лице в лице.

