Европа
Во Шведска ослободен мажот осомничен за подготовка на напад
Шведското обвинителство одреди во неделата да биде ослободен мажот кој беше притворен под сомневање дека подготвувал терористички напад, и појасни дека тој повеќе не е осомничен.
Дваесет идвегодишниот Модер Мотама Магид беше уапсени во четвртокот по целодневна потера ширум Шведска во периодот во кој во земјата беше прогласено највисокото ниво на опасност од терористички напади. Магид беше уапсен под сомневање дека се подготвувал да изведе „неспецифичен терористички напад“, а тој тврдеше дека е невин. „Мажот повеќе не е осомничен“, се наведува во писмената изјава на обвинителот Ханс Ихрман, во која не се наведува името на досега осомничениот. Магид беше уапсен во северна Шведска, во зграда во којашто се сместени лица кои бараат азил, неколку дена по терористичките исламистички напади од 13-ти ноември во Париз во кои беа убиени 130 луѓе.Тој, инаку, беше уапсен под ставката „основани сомневања“ за планирање напади, што е второто најниско од четирите нивоа на кривично сомнение во шведскиот правосуден систем.Поради предупредувањето за високиот ризик од терористички напади, многу патници во Шведска ги избегнуваат патничките возови, а зголемена е безбедноста на потенцијалните цели, а истовремено и владата го зголеми нивото на надзор. Почетните фалби за брзото апсење на Магид, многу брзо се пресвртеа во критики во шведските медиуми со докази дека тој има отворен профил на Facebook и дека не преземал никакви дејствија да го прикрие својот идентитет и податоците за себе. Неговиот профил, како што изјави Магид, бил препознаен во извештаите како ирачки, но во Шведска е од септември.Шведските безбедносни сили и натаму го одржуваат нивото на веројатни закани на речиси највисокото ниво, на четвртото на скалата од пет, сметајќи дека уште е многу веројатно дека постојат „лица коишто имаат намери и можат да изведат напади“.Обвинителството наведува дека истрагите продолжуваат. „Сé уште има причини да се верува дека се вршат подготовки за терористичко злосторство. И натаму продолжуваат истражните мерки додека не се расчисти ситуацијата“, вели обвинителот Ихман во изјавата./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

