Европа
Во Украина без загинати првпат од прекинот на огнот

Првпат од стапувањето на сила на прекинот на огнот во источна Украина на 15-ти февруари, во последните 24 часа не загинал ниеден украински војник, изјави во средата воениот портпарол Андриј Лисенко.
„Во изминатите 24 часа нема загинати, но еден војник е ранет“, додаде Лисенко.
Од стапувањето на сила на прекинот на огнот, според договорот од 12-ти февруари во Минск, интензитетот на судирите во одметнатите рускојазични региони во источна Украина е намален, но украинските власти, како и бунтовничките челници, секој ден објавуваат информации за загинати војници и цивили.
Лисенко, сепак, истакна дека примирјето, коешто предвидува и повлекување на тешкото вооружување и создавање тампон зона во длабочина од 30 до 70 километри од линијата на раздвојувањето за што бунтовниците велат дека го започнале а Киев најави дека нема да го стори до целосното престанување на престрелките, не се почитува во целост.
„Изминатите два дена забележани се премини од Русија во Украина преки Изварино на системи на повеќекратни ракетни фрлачи од типот ’Град’ оклопни возила и голем број возила со војници и муниција“, додаде портпаролот на украинската војска.
Според него, украинската армија забележала дека споменатите сили наводно се движеле кон Новозавоск, крајбрежен град под контрола на бунтовниците. Овој град е на 30 километри од пристанишниот град Мариупол на Азовското Море, кој иако населен со мнозинско рускојазично население од април минатата година е под контрола на Националната гарда на Украина и на доброволечки баталјони во чиј состав има и многу странски платеници, и кој е последниот голем град кој што е под контрола на силите лојални на Киев во регионот на Донецк. Се стравува дека тој би можел да биде следната цел на бунтовниците, сметаат украинските челници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин