Контакт

Европа

Втор круг од регионалните избори во Франција

Објавено пред

Иако во првиот круг од францускиот регионални избори надмоќното победи партијата од крајната десница Национален фронт (FN), традиционално поради сојузувањето на конзервативците и социјалистите против оваа партија, се чини неизвесен крајниот исход од вториот круг во неделата.

dobivaj vesti na viber

На овие избори, последните пред претседателските и парламентарните во 2017 година, ќе гласаат 45,3 милиони Французи.Крајната десница којашто води во 6 од 13-те региони се надева на победа, и покрај тоа што владејачката Социјалистичка партија откако ги повлече изборните листи и ги повика своите членови да гласаат за кандидатите на конзервативната партија Републиканци. Челничката на Народен фронт, Марин Лепен изјави „Се надевам на победа. Многу нешта зависат од оние кои не излегоа во првиот круг. Ќе покажеме што можеме да сториме“, рече.Сепак, исходот е неизвесен поради тактиката на социјалистите кои се тотални губитници на овие избори, кои откако претходно ги владееја сите региони, сега имаат водство во само два. Така Националниот фронт иако во првиот круг доби најмногу гласови, може да биде поразена на национално ниво.Националниот фронт има водство во три клучни региона, на северот во Нор-Па-де-Кале-Пакарди, каде што се кандидираше неговата челничка европратеничката Марин Лепен, на југоистокот во регионот Прованса-Алпа-Азурен брег, каде кандидатската листа ја води нејзината внука Марион Марешал-Лепен, пратеничка во Националното собрание, и на истокот во регионот Алзас-Шампањ-Ардени-Лорен, каде води стратегот на компанијата Флориан Филипот. Притоа, Лепен и Марешал-Лепен се со голема предност со осовиени околу 41 отсто од гласовите. Крајната десница води и во централниот регион Сентр-Вал-де-Лоар, во источниот Бургундија-Франш-Комт и во јужниот Ланжедок-Русијон-Средни Пиринеи.Незадоволството до етаблираните политички елити, високата стапка на невработеност и стравот од доселениците од муслиманските земји по терористичките напади од 13-ти ноември, се сметаат за факторите кои придонесоа за победата на Националниот фронт на 6-ти декември.Социјалистичката партија на претседателот Франсоа Оланд, која беше третопласирана, се повлече од двата клучни региони и ги повика своите приврзаници да гласаат за најлутиот противник Републиканците (поранешната UMP) на поранешниот претседател Николас Саркози, која води во четири региони, само за да ја оневозможат крајната десница којашто ја сметаат за „нерепубликанска“ партија да постигне успех./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести

Објавено пред

Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.

dobivaj vesti na viber

„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.

Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.

Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

Прикажи повеќе...

Европа

Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд

Објавено пред

Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.

dobivaj vesti na viber

„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.

Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.

Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.

Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Се надевам дека војната во Украина ќе заврши следната година

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека завршувањето на војната е врвен приоритет на Украина и изрази надеж дека мирот може да се постигне во текот на следната година преку активни дипломатски напори и преговори. Во интервју за француската телевизиска станица Франс 2, Зеленски ја нагласи посветеноста на неговата администрација на мирно решение.

dobivaj vesti na viber

„Навистина се надевам дека за една година ќе има мир во Украина. Ќе направиме сè што можеме. Ова е наш приоритет, мој и на мојот тим. Мојот тим во моментов преговара. Наш приоритет е да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски.

Зеленски нагласи дека Русија се обидува да ги претстави своите ултиматуми како потрага по компромис, а во исто време продолжува да напаѓа цивили и да користи студено оружје како оружје.

Тој рече дека колку повеќе цивили убива Русија, толку е подалечна можноста за постигнување вистински договор.

Тој нагласи дека дипломатскиот пат не значи капитулација или прифаќање на руските ултиматуми, нагласувајќи дека барањето на Москва за повлекување на украинските сили од Донбас е „црвена линија“.

Зеленски истакна дека дури и „замрзнувањето“ на фронтовската линија на нејзините сегашни позиции би било „огромна отстапка“ од страна на Украина, но рече дека останува подготвен за дијалог за зачувување на независноста на земјата.

Коментирајќи ја иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за продолжување на дијалогот со рускиот лидер Владимир Путин, украинскиот претседател рече дека разговорите се можни, но само „под одредени услови“. Тој додаде дека притисокот врз Русија сè уште не е доволен и дека Путин во моментов ги користи преговорите за да ја понижи Европа, а не во потрага по мир.

Во истото интервју, Зеленски откри дека 55.000 украински војници загинале во четири години тотална војна, додека значителен број ветерани сè уште се водат како исчезнати. Една година претходно, во интервју за Ен-би-си, тој објави повеќе од 46.000 воени жртви.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија4 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија7 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија7 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија7 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет7 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија8 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија9 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија10 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија10 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија11 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет11 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет11 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет13 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет13 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет13 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет13 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа13 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...