Европа
Втората црна кутија потврди дека Лубиц намерно го урнал авионот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/padnat20avion.png)
Податоците од втората црна кутија најдена во остатоците од паднатиот авион на Germanwings во Француските Алпи, потврдија дека копилотот делувал намерно, рекоа истражителеите во петок.
Податоците од втората црна кутија најдена во остатоците од паднатиот авион на Germanwings во Француските Алпи, потврдија дека копилотот делувал намерно, рекоа истражителеите во петок.
„Првичното читање покажува дека пилотот во кокпитот го користел автоматскиот пилот за да го урне авионот на висина од 30 метри“, соопштија од Канцеларијата за истрага на авионски несреќи.
„Неколкупати за време на падот, пилотот ги менувал автопилотските команди за да ја зголеми брзината на леталото“, се додава во изјавата.
Андреас Лубиц, копилот во авионот, по наоѓањето на првата црна кутија со разговорите во кабината, беше посочен како винвен за несреќата. Наводно, откако пилотот излегол од кабината, тој ја заклучил вратата и го урнал авионот.
Втората црна кутија, која ги содржи техничките детали на летот, беше најдена во четврток, девет дена по несреќата, која се случи на непристапен терен во Француските Алпи.
Сите 150 патници на летот 4U9525 од Барселона за Дизелдорф беа убиени при падот на леталото, што претставува најголема авионска несреќа на француско тло во последните декади. Половина од нив беа Германци, а повеќе од 50 беа Шпанци.
Беа изолирани 150 примероци на ДНК, но не значи дека сите жртви ќе бидат идентификувани.
Идентификацијата на сите кои се наоѓале на летот ќе трае три до пет недели./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Украинска политичарка застрелана во глава: „Ситуацијата е сериозна“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-215957.jpg)
Непознат сторител пукал во Ирина Фарион, поранешна украинска пратеничка од крајната десница, соопштија украинските власти. Фарион (60) е хоспитализирана со прострелна рана во главата, соопшти украинската национална полиција. Нејзината состојба е „исклучително сериозна“, додаваат тие.
Полицајците се обидуваат да го идентификуваат напаѓачот, пишува Киев Индепендент. Претседателот Володимир Зеленски беше информиран за ситуацијата од страна на министерот за внатрешни работи и шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ).
„Секое насилство е за осуда и кој и да е одговорен мора да ги сноси последиците“, рече Зеленски.
Ирина Фарион, која е позната по нејзините контроверзни изјави за употребата на рускиот јазик во Украина, се приклучи на ултранационалистичката партија Свобода во 2005 година и беше пратеник во парламентот меѓу 2012 и 2014 година.
Во јуни 2024 година, таа беше вратена како професорка на Катедрата за украински јазик на Политехничкиот универзитет во Лавов, набргу откако беше отпуштена. Фарион предизвика бес кога на 6 ноември рече дека не може да ги нарекува украинските војници украински ако зборуваат руски.
Скандалот околу нејзините изјави ескалира откако таа наводно добила порака за поддршка од Максим Хлебов, проукраински студент кој живее на окупираниот Крим. Таа го објави мејлот на своите социјални мрежи, по што наиде на остри критики.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) во ноември 2023 година соопшти дека Фарион е под кривична истрага и за нејзините изјави за војниците кои зборуваат руски и за протекувањето на пораката на Хлебов.
Европа
Русите нудат парична награда за првиот уништен Ф-16
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ruski-vojnik.jpg)
Руски фирми нудат парични награди за уништување на F-16 Fighting Falcons, охрабрувајќи ја својата војска да ги уништи западните авиони кои наскоро ќе се појават над небото на Украина.
Ова првпат беше објавено на каналот Телеграм на руското Министерство за одбрана на почетокот на оваа недела.
„Ќе има награда за уништување на борбените авиони Ф-15 и Ф-16. Наградата за првиот ќе биде 15 милиони рубли“, се вели во објавата, цитирајќи го директорот на руската нафтена компанија ФОРЕС Илја Потанин.
Инаку, 15 милиони рубљи се еднакви на околу 170.000 долари или околу 155.500 евра.
Министерството за одбрана соопшти дека се понудени и парични награди од 500.000 рубљи за уништување на тенковите на НАТО во Авдиивка, пренесува „Њузвик“.
На приложеното видео во објавата на Телеграм, може да се видат руски војници како добиваат награди и се ракуваат со нивните претпоставени офицери.
Европа
Зеленски ја моли новата британска влада: „Дозволете ни да ја нападнеме Русија со моќни ракети“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-194232.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на министрите на новата британска влада, на покана на премиерот Кир Стармер, и го повтори апелот до западните сојузници да дозволат напади врз Русија со ракети со долг дострел.
Зеленски е првиот странски лидер кој лично се обратил пред британскиот кабинет откако поранешниот американски претседател Бил Клинтон го стори тоа во 1997 година.
Украинскиот претседател рече и дека Британија треба да ги убеди своите партнери, кои зазедоа различни позиции за тоа како Украина може да го користи оружјето што им е доставено, да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје и муниција.
„Во моментов го немаме главниот одговор на тоа прашање, што се однесува на нашите долгорочни можности. Ве молиме, убедете ги другите партнери да ги укинат овие ограничувања“, рече Зеленски.
Стармер му рекол на Зеленски дека Британија ќе ја забрза испораката на клучната помош за Украина, откако неговиот министер за одбрана на почетокот на овој месец потврди дека помошта ветена од претходната конзервативна влада ќе биде доставена за 100 дена.