Европа
За Путин примирјето зависи од Украина, Порошенко ќе изработи план
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и украинскиот претседател Петро Порошенко на двочасовната средба зад затворени врати доцна ноќта кон средата во белоруската престолнина Минск разговарале за тоа дека крвопролевањето во источна Украина мора итно да биде прекинато и додаде Киев условите за прекин на огнот мора да ги договори со бунтовници кои во меѓувреме изјавија дека веќе не се заинтересирани за федерализација на земјата, а Порошенко вето дека ќе работи на итно создавање план за прекин на судирите.
Рускиот и украинскиот претседател разговараа очи в очи по шестчасовните пошироки преговори со високите функционери на Европската унија, како и со челниците на Белорусија и Казахстан кои заедно со Русија ја сочинуваат Царинската унија.
Рускиот претседател Владимир Путин првите директни преговори со украинскиот колега Пртро Порошенко (првата неформална десетминутна средба се случи на 6-ти јуни по повод одбележувањето на 70-годишнината од сојузничкото истоварување на Нормандија, Франција), ги опиша како позитивни. „Разговаравме за тоа дека е нужно што побрзо да се прекине крвопролевањето, за потребата да се тргне кон изнаоѓање политичко решение на сите проблеми. Русија од своја страна ќе стори сé за да го поддржи тој мировен процес, доколку тој биде покренат“, изјави Путин.
Меѓутоа, рускиот челник истакна и дека Киев мора да ги договори условите за прекин на огнот со проруските бунтовници во двата источни региона, Луганск и Донецк, каде што тие прогласија непризнаени ткн народни републики кои во вторникот изјавија дека повеќе не се заинтересирани за федерализација на Украина, за што во почетокот на бунтот во март се залагаа. Путин прецизираше дека Русија нема да се меша во изработката и поединостите на тој план. „Ние единствено можеме да придонесеме во создавањето ситуација на доверба во којашто ќе се одвива можниот, си посред моето мислење неопходен, преговарачки процес“, рече Путин.
Порошенко, кој веднаш по преговорите замина од Палатата на независноста во Минск, каде што се одвиваше средбата, веднаш замина без да дава изјави за новинарите во украинската амбасада каде подоцна одржа брифинг со украинските медиуми, го оцени разговорите со Путин како „многу тешки и сложени“. „Ќе биде подготвен план за што побрзо да се договори режимот на воспоставување примирје коешто секако мора да биде билатерално“, рече Порошенко за новинарите.
И покрај позитивниот тон, не е познато како бунтовниците ќе реагираат на идејата за прекин на огнот бидејќи тие инсистираат на целосно повлекување на украинската армија од териториите на самопрогласените републики, колку брзо примирјето може да биде воспоставено и колку ќе биде одржливо. Во вторникот челникот на ткн Донецка народна република, Алескандр Захарченко, кој инаку е етнички Украинец говорејќи дека самопрогласените власти во Донецк „повеќе не се заинтересирани за федерализација на Украина“ истакна и дека „Нема, во крајна линија, преговори што ќе започнат и на нив да е можно да биде постигнато какво и да е примирје, тоа ќе биде кревко и нереално“.
Имајќи предвид дека Москва е истрајна на тоа дека поединостите од примирјето се внатрешни работи на Украина, не можат да се забележат сигнали дека е постигнат напредок во смисла на основните точки во кои Украина и Русија не се согласуваат, имено обвинувањата за дека на украинска територија Москва испраќа борци и оружје со што ги помага бунтовниците во раускојазичните региони, што руската страна упорно го негира./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

