Европа
Жан-Мари Лепен се откажува од регионалните избори
– Семејството Лепен предводи марш на Националниот фронт
Жан-Мари Лепен, еден од основачите на крајниот десен Национален фронт (NF), кој сега го води неговата ќерка Марин Лепен, со која дојде во жестоки судир, изјави во понеделникот дека нема да се кандидира на регионалните избори кои ќе се одржат кон крајот на годината, обидувајќи се да ја намали штетата причинета со јавната кавга со ќерката поради интервјуто дадено за неделник кој се поврзува со антисемитизам.
Жан-Мари Лепен, еден од основачите на крајниот десен Национален фронт (NF), кој сега го води неговата ќерка Марин Лепен, со која дојде во жестоки судир, изјави во понеделникот дека нема да се кандидира на регионалните избори кои ќе се одржат кон крајот на годината, обидувајќи се да ја намали штетата причинета со јавната кавга со ќерката поради интервјуто дадено за неделник кој се поврзува со антисемитизам.
На прашањето на весникот Le Figaro за можната кандидатура во југоисточната регија Повеанс-Алп-Кот д’Азур одговори дека нема да се кандидира, иако смета дека е „најдобриот кандидат“, како и дека најдобра замена би била неговата внука Марион Мерашл Лешен.
„Доколку морам да се жртвувам, поради иднината на движењето, јас нема да бидам тој кој би му нанесол штета“, изјави 86-годишниот Лепен кој е и почесен претседател на партијата и ќе го задржи местото во Европскиот парламент.
Жан-Мари Лепен минатата седмица во интервјуто за неделникот на крајната десница Rovarol за нацистичките гасни комори изјави дека биле само „детаљ“ во Втората светска војна, што ја натера неговата ќерка Марин, која е на чело на Националниот фронт од 2011 година и обидувајќи се да ја симне стигмата од партијата постигна значителни успеси, во петокот извршниот комитет на партијата да заседава за улогата на Жан-Мари.
Мерин Лепен, која се обидува партијата да ја направи прифатлива и умерена за ласачите, се обидува својот такот кој веќе беше осудуван за поттикнување омраза, да го наговори целосно да се повлече од политиката Заменикот на Марин во FN, Флориан Филипо, кој минатата седмица дури нафрли дека Жан-Мари би можел да биде исклучен од партијата, неговата одлука од понеделникот ја нарече „мудра“.
Марион Марешал Лепен е повеќе од Марин Лепен поврзана со општествената поконзервативна струја во партијата која главно преовладува на југот од Франција. И додека Марин во 2013 година јавно не го критикуваше законот за истполовите бракови, Марион директно и решително се противеше на тоа.
Според досегашните анкети, Марин Лепен најверојатно ќе влезе во вториот круг од претседателските избори во 2017 година, но дека нема да победи. Судирот со нејзиниот татко, се смета дека ќе има голема улога во натамошниот успех на партијата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

