Европа
Започнаа вежбите на НАТО во балтичките земји и Полска

НАТО во понеделникот ги започна новите воени вежби на Балтикот и во Полска во коишто учествуваат 6.000 војници, американските тенкови „Abrams“ и бомбардерите „B-24“ во атмосфера на украинската криза и заладените односи меѓу Западот и Русија.
Како одговор на зачестеното и зголемено присуство на единици на НАТО и САД во балтичките земји, поранешни советски републики на границата со Русија, Москва го засили своето воено присуство на Балтикот, особено во воздушниот простор, што го засилува стравувањето кај овие земји во коишто живее значително руско малцинство со ткн статус на не-државјани, од наводните руски амбиции. НАТО, пак, под изговор на ваквите стравувања е во континуирано изведување воени вежби во источна Европа.
„Ова се едно од најголемите воени вежби организирани во Литванија, од нејзиното пристапување на Северноатлантскиот сојуз во 004 година“, изјави генералот Алмантас Леика, началник на копнените војски на оваа земја. Бројното учество на сојузничките единици сведочи за солидарноста на НАТО со земјите од регионот, кои граничат со Русија, додаде.
Вкупно 13 земји од НАТО учествуваат во вежбите „Saber Strike 2015“ организирани под закрила на САД и ќе траат до 19ти јуни. Истовремено на северот од Шведска од 25-ти мај до 4-ти јуни траат вежбите „Artic Challenge Exercice (ACE)“ во кои учествуваат воздушните сили на неколку нордиски земји и на НАТО со повеќе од сто авиони.
Русија одговори со ненајавени покренување на воени вежби во кои се ангажирани 12.000 војници и 250 авиони.
Литванија, Латвија и Естонија, кои по Втората светска војна поради нивната улога се присоединети кон поранешниот СССР до 1991 година, стравуваат дека Русија ќе ги дестабилизира и бараат постојано присуство на силите на НАТО на нивните територии. „Алијансата уште не одговори на тоа барање“, изјави портпаролот на литванското министерство за надворешни работи, Миндаугас Неимонтас. НАТО, инаку, од 2004 година го контролира воздушниот простор на овие три балтички земји./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.