Контакт

Европа

Завршени заложничките кризи, Оланд потврди четири цивилни жртви

Објавено пред

Во речиси истовремените операции на специјалните сили на француската полиција во петокот, беа завршени двете заложнички кризи во кои убиени се тројца напаѓачи и најмалку четворица заложници, потврди вечерта францускиот претседател Франсоа Оланд во специјалното обраќање до нацијата.

dobivaj vesti na viber

„Земањето заложници во Париз, во кошер супермаркетот, доведе до смртта на четири лица“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд и додаде дека „тоа е антисметиски чин“.

Претходно полициски извори за француските медиуми соопштија дека на местото на киднапирањето во продавницата за еврејски прехранбени продукти во 20-от арондисман на француската престолнина Париз се пронајдени пет тела, меѓу кои и на терористот.

„Франција мора да биде способна да одговори на секоја терористичка акција“, истакна Оланд. Притоа ги поздрави ангажманите на француските контингенти во странство во борбата против екстремистите. „Фанатиците немаат ништо заедничко со муслиманската религија“, заклучи претседателот на Петтата Република.

Оланд, исто така, ги повика Французите да земат масовно учество на националниот марш во неделата. „Јас ќе бидам таму“, рече.

Во петокот малку по 17 часот по локално време прво се слушнале детонации а потоа и истрели во индустриската зона кај гратчето Демартен-ан-Голе, кога полицијата упадна во печатницата во која држеа заложник и во којашто се сокриваа двајцата браќа, француски државјани од алжирско потекло Саид и Шариф Каши, кои се осомничени дека во средата го извршија нападот врз редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo поради објавувањето на карикатури со пророкот Мухамед во кој беа убиени десет новинари и двајца полицајци. Браќата излегле од печатницата од којашто претходни беше изнесен неповредениот заложник, и запукале врз полицајците, по што биле застрелани.

Градоначалникот на местото Демартен-ан-Гоел, Мишел Дутруж напиша на интернет страницата на градот „Нападот е завршен. Заложникот е ослободен. Готово е! Им благодарам на сите, блиските и далечните, кои помогнавте овој страшен ден добро да заврши“.

Речиси истовремено полициските специјалци го нападнаа и кошер супермаркетот во источниот дел на Париз, во кој еден вооружен напаѓач држеше група заложници. Грабнувачот, 32-годишниот Ахмед Колибали беше баран поради убиството на полицајката во четвртокот во квартот Монруж. Заедно со него беше барана и неговата девојка 26-годишната Ајат Бумедиен. К

Според исказите на полициски извори и очевидци, Кулибали барал од жандармеријата да ја прекине операцијата за апсење на браќата Каши за да можат да го напуштат градот Демартен-ан-Гоел, и да бидат пуштени на слобода и се закани дека доколку жандармеријата не го послуша ќе ги убие заложниците. Кулибали беше убиен во акцијата, во продавницата загинаа четворица заложници, а најмалку еден полицаец е ранет.

Полицијата браќата Каши ги бараше поради тоа што во седата, според очевидци, со повиците „Алаху акбар“ (Господ е голем) и „Го осветивме Пророкот“, ја нападнаа редакцијата на Charlie Hebdo.

Во петокот еден од челниците на џихадистичката организација Исламска држава објави дека оваа сунитска радикална група ја презема одговорноста за нападот во Париз. „Ние ја покренавме француската операција и ја преземаме одговорноста за неа. Утре сме во Велика Британија, Америка и на други места. Тоа е порака за сите земји кои учествуваат во коалицијата која под американско водство ги убива припадниците на Исламската држава“, додаде Абу Саад ал-Ансари во пораката од ирачкиот град Мосул каде џихадистите кон крајот на јуни 2014-та прогласија исламски калифат.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казанев изјави во петокот по завршувањето на двете заложнички драми дека „од длабочината на срцето“ им се заблагодари на француските безбедносни сили коишто, како што рече, дејствувале со многу „самоконтрола, вештина и храброст“. Во тридневните операции учествувале околу 90.000 припадници на безбедносните сили и служби. Според Казанев, неопходно е да се „задржи будноста“ и по овие акции. „Мораме да останеме извонредно будни и обединети, а јас и натаму ќе бидам концентриран на својата задача, безбедноста на Французите“, рече Казанев во телевизиското обраќање.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, објави дека во недела ќе учествува во големата поворка во Париз. На покана на Оланд, ќе присуствува и британскиот премиер Дејвид Камерон. „Ја примив поканата од претседателот Оланд да се приклучам на митингот на единството во Париз во недела, во поддршка на вредностите, кои ги поддржува Charlie Hebdo“, изјави Камерон.

Во поворката, исто така, учество ќе земе и германската канцеларка Ангела Меркел, и премиерот на Финска, Александер Стуб. Доаѓањето во Париз го потврдија и италијанскиот премиер Матео Ренци, шпанскиот Мариано Рахој.

На маршот против тероризмот во недела во Париз, исто така, ќе учествуваат и многу други француски и странски политички челници, меѓу кои и поранешниот француски претседател Никола Саркози, како лидер на опозициската конзервативна Унија за народно движење (UMP).

Лидерката на крајно десната партија Национален фронт (FN), Марин Лепен, пак не добила покана од организаторите да учествува на маршот. „Тие велат дека Националниот фронт не е добредојден гостин на митингот, каде што се поканети другите партии. Национално единство веќе нема, бидејќи тие го разрушија“, смета Лепен.

Според анкетата објавена кон крајот на декември што ја спровела агенцијата Odoxa, по порачка на весникот Le Parisein, Никола Саркози и Марин Лепен се во моментов најпопуларните политичари во Франција.

Големата ткн „републиканска“ поворка ќе се одржи на повик на речиси сите политички, верски и синдикални челници. Предвидени се и собири во сите поголеми градови во Франција./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Професор од Киев: Украина не е подготвена за отстапки

Објавено пред

Професорот од Институтот за меѓународни односи Максим Камењецки се јави во живо од Киев на телевизијата Н1, каде што ги опиша тешките услови за живот во украинската престолнина под постојани руски напади и рече дека Украинците не се подготвени да прават отстапки.

dobivaj vesti na viber

И покрај уништената енергетска инфраструктура и екстремно ниските температури, огромното мнозинство граѓани не сакаат да капитулираат.

Камењецки го опиша секојдневниот живот во украинската престолнина. „Доста е тешко да се живее во Киев сега. Целата енергетска инфраструктура од која зависи нормалниот живот е уништена. Во секој даден момент, две третини од градот се без електрична енергија“, рече тој.

„Во мојот дел од градот, кој е најтешко погоден, сме без електрична енергија околу 20 часа на ден, а ја имаме само четири часа. Имаме само ладна вода и слабо греење. Тоа е сè што имаме“, рече Камењецки, додавајќи дека температурите во Киев се околу -20 степени Целзиусови.

„Има снег и е многу ладно. Во мојот стан температурата е околу 16 степени, но во некои е само пет“, додаде тој.

И покрај тешките услови, Каменецки нагласува дека духот на отпорот не е скршен. „Украинците не се подготвени да прават отстапки, што е потврдено со социолошки анкети. Помеѓу 60 и 70 проценти од граѓаните не сакаат Украина да се согласи на капитулација“, нагласи тој.

„Првиот удар врз енергетската инфраструктура се случи на 10 октомври 2022 година. Оттогаш, постојано се бориме да надоместиме за сè што губиме“, рече тој.

Коментирајќи ги руските воздушни напади, Каменецки објасни како се променила нивната тактика. „Русите постојано ги менуваат своите тактики на воздушни напади. Почнаа со беспилотни летала, потоа со балистички ракети, потоа со крстосувачки ракети, а потоа сфатија дека е најдобро да нападнат со сè одеднаш“, рече тој, опишувајќи ја ситуацијата како доста драматична.

Кога го прашаа дали Украина возвраќа, тој одговори потврдно. „Всушност, ова е единствениот начин луѓето во Русија да разберат што е војна и која е нејзината цена. Мислам дека Украина исто така се обидува да ја примени истата тактика – да таргетира цели како руската енергетска инфраструктура“, смета Каменецки.

Тој се осврна и на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Унгарија долго време нема пријателски односи со Украина. Веројатно е тоа историски комплекс што Унгарците го имаат кон сите свои соседи, не само кон нас. Тоа е проблем што се влече од минатото. Орбан го користи овој проблем за да се прикаже пред своите гласачи како заштитник на унгарските интереси, а тоа веројатно му оди во прилог“, рече тој.

Конечно, тој коментираше за преговорите во Абу Даби. „Што се однесува до преговорите во Абу Даби, постигнати се одредени резултати по помали прашања како што е размената на затвореници, но главното прашање за територијата останува нерешено“, заклучи Камењецки.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски дронови погодија станбени згради во Украина, меѓу загинатите мајка и дете

Објавено пред

Во нападите со руски беспилотни летала извршени ноќеска загинаа најмалку три лица во источна и јужна Украина, вклучувајќи мајка и нејзиниот 10-годишен син, соопштија во понеделник регионалните власти и обвинителите. Момчето и неговата мајка беа убиени во напад врз станбена зона во градот Боходухив во источниот Харковски регион, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител.

dobivaj vesti na viber

Шест лица се повредени во нападот врз регионот, честа цел на напади во речиси четиригодишната војна што започна со руска инвазија во 2022 година, додаде тој. Во напад со руски беспилотни летала врз јужниот пристанишен град Одеса загина едно лице, а други две беа повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер.

Исто така, оштетена е станбена инфраструктура и гасовод, додаде Кипер на апликацијата за пораки Телеграм.

Девет лица, меѓу кои и 13-годишно девојче, се повредени во напад со беспилотно летало во југоисточниот регион Дњепропетровск, изјави гувернерот Олександр Ханжа. Нападот предизвика пожар во трикатна зграда, уништувајќи го покривот, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Москва: Полска е вмешана во обидот за атентат врз генералот

Објавено пред

Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот бил нарачан од Украинската безбедносна служба. ФСБ, исто така, вели дека полското разузнавање било вклучено во регрутирањето на напаѓачот, објави новинската агенција Интерфакс.

dobivaj vesti na viber

Не се понудени докази за тврдењата. Украина негира каква било вмешаност, додека Полска сè уште не ги коментирала обвинувањата. Во меѓувреме, руските безбедносни претставници објавија дека руски државјанин роден во Украина бил екстрадиран од Дубаи во Москва вчера. Тој е осомничен дека сериозно го повредил генералот Алексеев.

Алексеев, заменик-шеф на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, бил застрелан во неговата станбена зграда во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Руските истражители објавија во петокот дека непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон генералот и избегал. Според Комерсант, Алексеев бил успешно опериран во саботата и се освестил, но сè уште е под медицински надзор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет10 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија10 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија11 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија12 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ15 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија17 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ17 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија17 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија18 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија18 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија20 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет20 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа21 час

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа22 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа22 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија2 дена

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија2 дена

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...