Европа
Здравствениот картон на копилотот кај истрагата, бил под опсервација за суицид
Германската болница во којашто се лекувал копилотот на „Germanwings“, Андреас Лубитц, ја предала медицинската документација на обвинителството во Диселдорф, објави во понеделникот портпаролката на клиниката, истрагата сé уште ги разјаснува мотивите, но било утврдено дека пилотот се наоѓал под опсервација за самоубиствени намери.
Авионот „Airbus A320“ на германската нискотарифна компанија „Germanwings“, на летот од Барселона за Диселдорф, на 24-ти март се урна во француските Алпи. Во трагедијата загинаа 150 патници и членови на екипажот, а записот од единствената досега пронајдена „црна кутија“ укажува на тоа дека 28-годишниот копилот Андреас Лубитц останувајќи сам во пилотската кабина се заклучил и намерно го урнал авионот.
„Истрагата нема доволно рационални објаснување за таквата постапка, како и пронајдено признание. Во непосредната лична и семејна средина, како и на работното место, има нејасни околности кои би можеле да послужат како убедлив доказ за можниот мотив“, се вели во соопштението објавено во понеделникот на интернет страницата на обвинителството во Диселдорф.
Претходно беше објавено дека е утврдено оти Лубитц се наоѓал под опсервација на психотерапевти поради склоност кон самоубиство. Обвинителството во Диселдорф соопшти дека шестиот ден од истрагата биле испрашувани многубројни сведоци од личната и професионалната средина на копилотот.
Универзитетската болница во Диселдорф не сакала за медиумите да објави од кои болести се лекувал Лубитц, освен дека не било во прашање депресија. Тој од февруари трипати бил во болницата, последен пат на 10-ти март, две седмици пред трагедијата, пренесува агенцијата DPA.
„Поради тоа веќе се испрашани голем број сведоци од личното и професионалното опкружување… Врз основа на документите и сознанија подигнати при претресот може да бидат направени првичните наоди“, се наведува уште во соопштението на обвинителството.
Портпаролот на обвинителството на Диселдорф, Кристоф Кумпа, за медиумите потврди дека копилотот извесно време бил под опсервација на психотерапевти поради склоност кон суицид, но дека во последниот период такви белешки немало во неговиот здравствен картон.
„Врз основа на анализираните податоци и документи, можеме да ја објавиме прелиминарната оцена на ситуацијата… Соодветната медицинска документација говори дека органски оштетувања (на нервниот систем кај Лубитц) немало. Копилотот повеќе години пред издавањето на летачката лиценца подолг период се наоѓал под психотерапевтско набљудување со забелешка за ‘склоност кон самоубиство’. Во последно време посетувал други лекари кои му препишувале боледување, без да одредат склоност кон суицид или агресивност“, изјави Кумпа.
Подоцна во понеделникот телевизиската мрежа NBC, повикувајќи се на полицискиот портпарол, објави дека полицијата во Диселдорф ја повикала на сослушување девојката на Лубитц.
Поранешната девојка на Лубитц, идентификувана како 26-годишната стјуардеса Марија В. во интервјуто објавено во саботата во списанието Bild, рече дека ѝ рекол оти сака да влезе во историјата, „да го промени системот“ што ќе му осигури еден ден „сите да дознаат за него“. Според неа, кога слушнала за падот на авионот, „се присетила“ на една реченица на Андреас Лубитц. „Еден ден ќе сторам нешто што ќе го промени целиот систем и сите ќе знаат за мене и ќе ме паметат“. Таа е убедена дека тој планирал да направи некој „спектакуларен гест“, кој ќе остана запаметен. „Тогаш тоа ништо не ми значеше, меѓутоа сега значи“, вели Марија. Додаде дека Лубитц бил мистериозна личност која ги криела своите тајни, а честопати се будел среде ноќ врескајќи „Паѓаме!“. „Кога слушнав за падот, во главата повторно и повторно му се вртеше ‘записот’ на тоа што го зборуваше“, вели девојката.
Во саботата британскиот магазин Mirror, објави дека девојката на вториот пилот на урнатиот лет 4U9525 очекувала дете од Лубитц. Во текстот таа беше именувана со Катрин Голбах.
Според истрагата, неговите блиски изјавиле дека последните месеци Лубитц страдал од депресија и синдром на емоционално растројство. Во неделата списанието Bild am Sonntag, повикувајќи се на свои извори пишуваше дека пилотот можеби имал проблеми со видот, односно страдал и од ретинална аблација, и неговите визуелни способности во времето на несреќата можеби биле намалени за 30 отсто, но исто така ја доведувале во прашање и неговата натамошна пилотска кариера.
Претходно беше објавено дека полицијата во Диселдорф формирала специјална група којашто вклучува повеќе од сто лица, иследници и експерти, во истрагата за трагедијата во југоисточна Франција. Групата наречена „Алпи“ не се занимава со мотивите на Лубитц, туку со идентификација на повеќето од 70 германски државјани загинати во несреќата.
Во понеделникот обвинителот на францускиот град Марсеј, каде што се води истрагата за падот на авионот, Бри Робен,ги демантираше наводите дека со помош на ДНК анализа се пронајдени и идентификувани останките на Андреас Лубитц./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

