Европа
Жртва во пожар во германско прифатилиште за бегалци, илјадници на протестите во Дрезден

Едно лице загинало во понеделникот во пожарот кој избувна во азилантски центар во Заалфелд, на истокот од Германија, соопшти полицијата, додека во Дрезден илјадници луѓе на повикот на Pegida протестираа против сé поголемиот прилив бегалци во оваа земја.
Германија оваа година очекува рекорден прилив од 800.000 баратели на азил, многу повеќе отколку која и да е друга земја во Европската унија или која е зафатена од бегалската криза. Меѓутоа, во понеделникот повеќе официјални извори за медиумите објавија дека, откако првично се споменуваше бројката од 400.000 бегалци во Германија, па потоа таа беше поткрената на 800.000, сега се споменуваат 1,5 милиони бегалци.
Сето тоа во некои делови од Германија предизвикува тензии. Изминатите месеци неколку бегалци беа повредени но немаше жртвата во десетиците напади во кои беа палени и азилантските центри.
Портпаролот на полицијата во Заалфелд, во сојузната покраина Тирингија, изјави дека се истражува причината за пожарот и оти се утврдува идентитетот на жртвата. Локалните медиуми пишуваат дека станува збор за млад човек по потекло од Еритреја.
Илјадници луѓе во понеделникот вечерта се собраа во источниот град Дрезден, на повик на граѓанското движење Pegida (Европски родољуби против исламизацијата на Западот), незадоволни поради масовното доселување и сé поголемиот прилив на имигранти во Германија.
Демонстрантите, главно мажи како што забележуваат агенциите, носеа транспаренти против бегалците и германски знамиња во центарот на Дрезден. Протестот, според полицијата, минал без инциденти.
Полицијата не ја објави процената на бројот на демонстрантите, додека агенцијата DPA наведува дека имало 9.000 луѓе. Притоа се наведува дека на сличниот протест минатата седмица се собрале 7.500 луѓе.
„Имаме право на нашата татковина Германија и на нашата германска култура“, пишуваше на еден од транспарентите. „Муслиманите мора да си заминат од Германија, освен воените бегалци, но нив ги нема многу“, вели за AFP 46-годишниот Уве Фридрих, учесник на протестите и приврзаник на Pegida.
Канцеларката Ангела Меркел и нејзината политика на отвореност кон стотиците илјади баратели на азил, во прв ред оние кои бегаат од Сирија, беше осудена на повеќето транспаренти во понеделникот, што ги потврдува резултатите од последните анкети за падот на нејзиниот рејтинг. На еден од нив можеше да се прочита: „Меркел врши етноцид над германскиот народ“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Руски град на 1.300 километри од украинската граница нападнат со дронови

Украинските беспилотни летала нападнаа повеќе цели во Русија и во окупираниот Крим преку ноќ вклучувајќи го и рускиот град Ижевск, на повеќе од 1.300 километри од украинската граница, објавија руските власти и локалните канали на „Телеграм“.
Жителите на Ижевск пријавија експлозии рано утрово, а локалните власти потврдија напад со беспилотно летало врз објект во градот. Александар Бречалов, шефот на руската Удмуртска Република, рече дека службите за итни случаи реагираат на нападот и дека повеќе информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни.
💥 What a loaded morning! Russian city Izhevsk was hit by drones — air defense scored a clean 0%
Udmurtia’s governor Brechalov claimed that one of the city’s enterprises was attacked by drones “from the Kyiv regime” (🤭).
🏭 Reportedly, the target was the Izhevsk… pic.twitter.com/oIlu8dFJ4n
— NEXTA (@nexta_tv) July 1, 2025
Руската агенција за цивилно воздухопловство привремено ги прекина летовите до и од градските аеродроми по инцидентот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговата воздушна одбрана соборила 60 украински беспилотни летала во текот на ноќта во неколку региони, вклучувајќи 17 над окупираниот Крим, 16 над Ростовската област и 11 над Азовското Море. Другите наводно биле соборени над Курската, Саратовската, Белгородската, Воронежската и над Орјолската област, како и над Црното Море.
Експлозии и во Крим
Во окупираниот Крим локалните канали на „Телеграм“ известија за експлозии во кои наводно се наоѓаат руски системи за воздушна одбрана „С-300/С-400“ и радарски станици.
• NASA satellites recorded a strong fire south of the village of Kurortne during the night.
• According to informants from the monitoring group, this is the location of an S-300/S-400 air defence system. pic.twitter.com/42wnAK5yJ1
— Boris Alexander Beissner (@boris_beissner) July 1, 2025
Групата за мониторинг се повика на сателитски податоци од НАСА, кои покажуваат голем пожар во областа преку ноќ, иако нема официјална потврда за каква било штета на системите за воздушна одбрана.
Украина официјално не ја презеде одговорноста за нападите, а нејзината воена разузнавачка служба не ги коментира настаните. „Киев индепендент“ не беше во можност независно да ја потврди оваа информација.
Европа
Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца

Дваесет и едногодишен маж избол тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откога претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Европа
Данска го презема претседавањето со Европската Унија

Данска денес го презема од Полска ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија.
Се очекува владини претставници од Копенхаген да претседаваат со бројни министерски состаноци во текот на следните шест месеци и да дејствуваат како медијатори во споровите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ.
Тематски, Данците сакаат да се фокусираат на заеднички проекти за вооружување против заканата од Русија и зголемена конкурентност во рамките на ЕУ под мотото „Силна Европа во светот што се менува“.
Тие, исто така, се надеваат дека ќе ги унапредат законските проекти за борба против несаканата миграција и климатските промени.
Главните предизвици за данското претседателство веројатно ќе бидат тековната унгарска блокада на Украина во преговорите за пристапување кон ЕУ и трговскиот спор со Соединетите Американски Држави.
Се закануваат дополнителни спорови околу финансиските прашања, бидејќи дискусиите за долгорочниот буџет на ЕУ од 2028 до крајот на 2034 година треба да започнат во наредните месеци.
Ставовите на земјите-членки варираат во голема мера. На пример, Германија, како нето придонесувач, се спротивставува на зголемувањето на буџетот, кој неодамна изнесуваше повеќе од еден билион евра.