Свет
FBI го затвори делото за електронската пошта на Клинтон
Во известувањето добиено во Конгресот на САД од директорот на Федералното биро за истраги (FBI) се наведува дека нема основа за кривично гонење на поранешната државна секретарка а сега претседателски кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон, што фактички значи дека е затворен случајот со користењето на нејзината приватна електронска пошта за службена кореспонденција кога беше шефица на американската дипломатија.
Претходно во неделата, шефот на Комитетот за надзор и владини реформи на Претставничкиот дом на САД, Џејсон Чаффетс изјави дека ја добил од директорот на FBI информацијата за тоа дека врз основа на разгледување на податоците за новите електронски писма на министерството „не ги променило заклучоците кои се истакнати во јули во однос на (поранешната) државна секретарка Клинтон“.
Потоа директорот на FBI, Џејмс Коми, потврди дека нема да биде покренато обвинение во врска со скандалот со користењето на приватната електронска пошта во врска со новите откриени електронски писма на Клинтон.
Во споменатото писмо Коми истакнал дела Бирото ја довршило проверката на новооткриената електронска пошта, пренесува Reuters.
„Групата иследници на FBI деноноќно работеше на процесуирање и проверка на големо количество електронска пошта од уредите добиени од неповрзана кривична истрага“, напишал Коми во писмото.
„Во текот на процесот ги проверивме сите пораки коишто Хилари Клинтон ги примила или испратила додека била државна секретарка. Голема благодарност за професионалците во FBI кои во кус период направија многу квалитетна работа“, додал Коми..
Писмото коешто го испрати пред една седмица на Конгресот, во кое објавува дека FBI открил нова електронска пошта на Хилари Клинтон, што ја врати неизвесноста во трката за Белата куќа којашто ја води против Доналд Трамп.
Џенифер Палмеири, директорка за комуникациите на Хилари Клинтон,, изјави дека и е „мило што таа работа е решена“.
Доналд Трамп во текот на својот предизборен собир во Минеаполис ги искажа своите тврдења за Хилари Клинтон, неспоменувајќи го писмото на шефот на FBI.
„Хилари Клинтон уште долго долго време ќе биде под истрага“, рече Трамп, по што неговите приврзаници вообичаено извикуваа „Затворете ја!“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

