Свет
Колумбиската опозиција го отфрли новиот договор и бара средба со FARC
Колумбиската опозиција ја отфрли новата форма на мировниот договор склучен меѓу владата и герилското движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC) со кое побара средба, по шестчасовниот состанок со владините делегати во понеделникот.
„Инсистиравме да се воведат модификациите од договорот кој го подготвија владата и FARC, владата се спротистави на тие промени кои се однесуваат на две важни теми“, изјави за медиумите поранешниот претседател на Колумбија, Авларо Урибие, кој е противник на договорот со герилата и се смета за личноста под чиешто водство му беше нанесен тешкиот удар на марксистичкото движење FARC.
Со другите противници на договорот, чија прва верзија беше одбиена на 2-ри октомври на референдумот, Алваро Урибе се сретна во понеделникот со делегацијата на владата на актуелниот претседател Хуан Мануел Сантос кој им ја претставил новата верзија на договорот чијашто ревизија беше заклучена на 12-ти ноември со FARC во Хавана, седиштето на мировните преговори кои започнаа во 2012 година.
Опозициските претставници рекле дека доколку некои нивни барања не бидат вклучени во новиот договор, претставен како конечен и непроменлив, би станувало само за „едноставно ретуширање на договорот кој граѓаните го отфрлија“.
Меѓу тие барања е забраната за политички ангажман на одговорните за злосторства додека ја отслужуваат казната, елиминирање на злосторствата со криумчарење дроги од рамките на политичките лица кои уживаат во амнестијата, како и договорот да не биде имплементиран во Уставот.
„Целосно стоиме на располагање за дијалог со владата и герилата за тие модификации. За таа цел предлагаме да се искористи присуството на FARC во Богота“ каде што делегатите на герилата дојдоа во понеделникот поради потпишување на мировниот процес, порача Урибе./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

