Свет
Лавров вели дека САД го менуваат ставот за Алепо, за бунтовниците да земат здив

САД ја известија руската страна дека не можат да ги започнат консултациите за состојбата во северниот сириски град Алепо во средата, како што беше планирано, и го повлекле своите предлози за решавање на тамошната ситуацијата за повлекување на бунтовничките сили кои ги поддржува Западот кои во овој град се во сојуз со екстремните исламистички групи, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работ Сергеj Лавров.
Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери му ги предал предлозите на Вашингтон за решавање на ситуацијата во Алепо кои се во согласност со начините коишто ги промовираше Москва, Потоа двете страни се договориле за ги започнат преговорите на 7-ми декември во швајцарска Женева.
„Минатата ноќ добивме информација дека тие (Американците), за жал, нема да можат да ја остварат средбата закажана за утре, дека се премислиле, го повлекуваат документот, и сега тие изработуваат нов предлог кој работите ги враќаат на почетокот се враќа на првиот“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.
Рускиот дипломат оцени дека новата американска иницијатива е всушност „обида да се купи време, со цел милитантите да земат здив и да се прегрупираат и да ги обновата своите резерви“ со луѓе и муниција.
Лавров настаните околу договорот за почеток на консултациите во Женева ги нарече „детективски“. „Ќе дознаеме што е во прашање“, рече шефот на руската дипломатија.
Сергеј Лавров појасни дека предлозите на Џон Кери се однесувале на конкретните правци и на прецизни рокови до коишто бунтовниците треба да се повлечат од Алепо. Шефот на руската дипломатија изјави, исто така, дека бунтовниците, кои ги поддржува Западот, коишто одбиваат да ги напуштат малкуте преостанати под нивна контрола источни квартови, ќе бидат изедначени со исламистичките борци кои официјален Дамаск и неговиот сојузник Москва ги означуваат како терористи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зимската бура во САД откажа 1.000 летови

Речиси 1.000 летови беа откажани во вторникот низ Соединетите држави, бидејќи екстремните зимски временски услови зафатија делови од земјата.
Откажани се речиси 300 летови од Далас Форт Ворт Интернационал, а откажани се речиси 70 летови кои поаѓаат од Филд.
Други забележителни откажувања вклучуваат скоро 80 летови кои поаѓаат од Остин-Бергстром Интернационал и 45 летови кои поаѓаат од Нешвил.
Првиот бран на замрзнат дожд и лапавица ќе почне да слабее откако ќе се движи низ централниот дел на Тенеси, централниот дел на Кентаки и јужниот дел на Западна Вирџинија.
Уште еден круг на замрзнат дожд и мраз ќе започне низ поголемиот дел од Тексас денес и ќе се упати во Оклахома до средината на денот, упатувајќи се кон Литл Рок, Мемфис и Нешвил, пренесува Телеграф.
Европа
Киев бесен од изјавата на Зоран Милановиќ дека „Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“

Украинското Министерство за надворешни работи во вторникот го критикува хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за неговата изјава дека Крим никогаш нема да се врати под украинска контрола опишувајќи го неговиот коментар како неприфатлив.
Во изјавата на Милановиќ во понеделникот за воената помош што Загреб треба да му ја даде на Киев, Милановиќ рече дека е „јасно оти Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.
„Ги сметаме за неприфатливи изјавите на претседателот на Хрватска, кои всушност фрлаат сомнеж на територијалниот интегритет на Украина“, напиша на „Фејсбук“ портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.
Во понеделникот Милановиќ рече дека е лудо да се мисли оти Русија може да биде поразена во конвенционална војна и ги критикува западните земји за снабдување на Украина со тешки тенкови и друго оружје.
Милановиќ им рече на новинарите во хрватскиот главен град Загреб дека воената помош што западните земји му ја даваат на Киев е залудна и само ќе го продолжи конфликтот.
„Јас сум против испраќање какво било смртоносно оружје таму, тоа ја продолжува војната“, рече Милановиќ за напорите на Западот да ѝ помогне на Украина да стави крај на илегалната и неиспровоцирана инвазија на Путин.
„Која е целта? Распад на Русија, промена на власта? Се зборува и за распад на Русија. Тоа е лудо“, рече тој.
Милановиќ исто така изјави дека Крим – полуостровот што Русија го анектира од Украина во 2014 година – никогаш нема да му биде вратен на Киев.
Она што Западот го прави во однос на Украина е „длабоко неморално бидејќи нема решение за војната“, им рече Милановиќ на новинарите за време на посетата на касарната во источниот град Петриња, пренесе „Блиц.рс“.
Европа
Трамп тужи новинар за неовластено користење аудиоснимка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска покрена тужба против новинарот Боб Вудворд и го обвини дека незаконски користел аудио снимки од нивните разговори во објавеното аудио издание на неговата книга, со што ги прекршил интересите и авторските права на Трамп.
Трамп го обвинува новинарот Вудворд за систематско узурпирање, манипулирање и искористување на звучната снимка со објавување на „Трамп лентите“, аудио компилација од нивните разговори од 2022 година, според „Политико“.
Во тужбата поднесена во Окружниот суд на САД во Пенсакола, Флорида, Трамп бара отштета и признавање дека неговите интереси за авторски права се компромитирани.
Тужбата беше поднесена и против издавачката куќа „Simon & Schuster и Paramount Corporation“, матичната компанија на издавачот „Simon & Schuster“.
Во заедничкото соопштение што го објавија новинарот Боб Вудворд и издавачката куќа „Simon & Schuster“, се наведува дека тужбата на Трамп е „неоснована“, со оглед на тоа што интервјуата се снимени со негова согласност.
Централниот аргумент во тужбата на Трамп е тврдењето дека поранешниот американски претседател никогаш не се согласил неговиот глас да се користи во аудио изданието на книгата на Вудворд, туку се согласил да се снима, нагласувајќи во повеќе наврати дека таквите аудио снимки служеле исклучиво како материјал за печатено издание на книгата.