Свет
Најмалку 38 рудари загинаа во Кина
Најмалку 38 рудари загинаа оваа седмица во експлозии во два рудника за јаглен, едниот во североисточна Кина и другиот на северот од земјата, објавија во саботата државните медиуми.
Првата експлозија се случила во вторникот вечерта во рудниот во приватна сопственост во Китајхе во покраината Хејлонганг, каде што настрадале 22 рудари, објави новинската агенција Xinhua.
Смртта на 21 рудар е потврдена во петокот ноќта, додека за уште еден засега нема сознанија. Спасувачите во саботата се обиделе да допрат до единствениот кој преживеал, но работата им ја отежнуваат урнатини кои го препречуваат преминот.
Во втората несреќа во рудникот чиј сопственик е општината Чифенг, во областа Внатрешна Монголија, исто така, се случила експлозија во која загинале најмалку 17 рудари, според пишувањето на локалните медиуми во саботата. Засега не е познато колку рудари останале заробени во окното и операцијата за нивно спасување продолжува во саботата, додава Xinhua.
Кина е најголемиот светски производител на јаглен и речиси две третини од своите потреби од енергија ги исполнува со јаглен. Меѓутоа, смртоносните несреќи во кинеските рудници се чести поради лошите безбедносни стандарди и овие јагленокопи се сметаат за најсмртоносните во светот.
Според официјалните податоци, бројот на жртвите во рударските несреќи на годишно ниво е опаднат последните години споредено со изминатата деценија, на помалку од 1.000 годишно. Сепак, некои организации за човекови права сметаат дека вистинските бројки се далеку поголеми.
Во петокот Сонг Јуанминг, заменик директорот на Државната администрација за безбедност во јагленокопите, предупреди дека сопствениците не смеат да работата надвор од капацитетите и нивните менаџери не смеат прекувремено да ги ангажираат рударите.
Сонг, исто така, издаде налог рударската индустрија да изврши целосна поправкана безбедносната инфраструктура за да се спречат трагедии, како онаа во ноември во којашто загинаа 33 рудари во експлозија на гас во рудниот за јаглен во приватна сопственост во Џиншангу, во југозападниот дел од провинцијата Чонгкинг. Претходно во септември 18 рудари ги загубија животите во експлозија во северозападниот регион Нингксиа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации за исчезнувањето на девојчето
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2).
Не се знае за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.
Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот.
Се претресуваат куќи и населба, се расчистува дворот.
Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти полицијата.
Свет
Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви
Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.
Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.
Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.