Европа
Норвешката црква се одвојува од државата по 500 години

На 1 јануари, Црквата на Норвешка и норвешката влада формално ќе се „разведат“, по близу 500 години што ги поминаа заедно.
Но, нивната врска ќе остане блиска, а според некои и преблиска.
Кога 2016 ќе премине во 2017 година, Норвешка ќе ја формализира сепарацијата на црквата од државата што беше наложено пред осум години од парламентот. Од 1 јануари, 1.250 свештеници и бискупи од оваа нордиска нација нема повеќе да бидат владини функционери назначени од кралот. Норвешката црква нема повеќе да биде државна агенција, туку независен бизнис.
„Се соочуваме со најголема организациска промена во црквата од времето на реформацијата“, вели Јенс – Петер Јонсен, шефот на црковниот национален совет. „Промените подразбираат чиста сепарација меѓу црквата и државата“.
Сепак, некои сметаат дека одвојувањето нема да биде ниту чисто, ниту евидентно.
„Нема да добиеме вистинско одвојување. Парламентот нѐ донесе до некаде, но не до крај“, вели Кристин Миле, генералниот секретар на Норвешката хуманистичка асоцијација (Human-Etisk Forbund – NHA).
Миле и некои други укажуваат на една специфична формулација дозволена од парламентот со која се постигна компромис пред осум години: „Норвешка национална црква“.
Со законот што го изгласа парламентот се смени Уставот. „Па така фразата „Евангелистичко – Лутеранската религија ќе остане државна јавна религија“ се замени со „Црквата на Норвешка, Евангелистичко – Лутеранската Црква, ќе остане Норвешка национална црква и ќе биде поддржана како таква од државата.
„Сѐ додека Уставот вели дека Црквата на Норвешка е Норвешка национална црква, и дека како таква ќе биде поддржана од државата, сѐ уште ќе имаме државна црква“, вели Миле.
Таа мисли дека новиот концепт на “национална црква“ е загрижувачки затоа што уставно го поврзува норвешкиот народ со одредена деноминација.
„На некој начин тоа е полошо отколку да се поврзе одредена религија со државата“, вели Миле.
Пал Кетил Ботвар, истражувач од Институот за црква, религија и други истражувања вели дека многу фактори укажуваат на тоа дека Норвешка се уште ќе има државна црква и по формалното одделување што ќе се случи на 1 јануари./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Русија со дронови ја дестабилизира Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и немири.
Зеленски, во видео обраќање доцна во вторникот, рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната со транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажи и разни напори за поткопување на стабилноста низ целиот континент.
„Неодамнешните лансирања на беспилотни летала од танкери се еден таков пример“, рече тој, повикувајќи се на разузнавачки информации од украинските надворешни служби.
The Head of Foreign Intelligence reported in detail on how the Russians are utilizing tankers of their “shadow fleet” – not only to finance the war, but also for sabotage and various destabilization attempts in Europe. Recent launches of drones from tankers are one such example.… pic.twitter.com/B09UQo9EZK
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 7, 2025
Официјалните информации за потеклото на беспилотните летала неодамна забележани во земји, вклучувајќи ги Данска и Германија, сè уште не се потврдени.
Русија негираше каква било вмешаност.
Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија, посочи дека самите украински сили би можеле провокативно да користат вакви беспилотни летала за да ја вовлечат Европа во војна против Русија.
Украина, исто така, произведува беспилотни летала со долг дострел.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин