Свет
NYT: Помошникот на Трамп од украински пратеник добил план за укинувањето на санкциите за Русија
Предлози за нормализирање на односите меѓу Украина и Русија, како и укинување на антируските санкции, му биле презентирани на почетокот од февруари на Мајкл Флин, сега веќе поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува во неделата весникот The New York Times.
Како што тврди весникот, главната улога во разработувањето на споменатиот план ја одиграл украинскиот пратеник Андреј Артеменко. За доставувањето до Мајкл Флин на документот, во којшто особено биле укажани податоци за вклученост на украинскиот претседател Петро Порошенко во корупција, Артемено наводно се договарал со претприемачот Феликс Сетер, кој од претходно имал деловни врски со Трамп, како и со неговиот правен консултант Мајкл Коен. Наводно, тој лично му ги доставил предлозите на Флин.
Една седмица пред Флин да поднесе оставка на должноста помошник за национална безбедност, во неговиот кабинет бил доставен запечатен предлог за тоа како претседателот Доналд Трамп би можел да ги укине санкциите против Русија, пишува The New York Times.
Претседателот Трамп ја прифати оставката на Флин на 13-ти февруари. Тогаш пензионираниот безбедносен генерал Мајкл Флин, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, замина само по четири дена на должноста, бидејќи се откриени неговите разговори со Руси.
Сега се знае дека Федералното биро за истраги (FBI) и Агенцијата за национална безбедност (NSA), активно ги прислушувале телефонските повици и ги читале СМС-пораките коишто му се испраќани на рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислјак, од страна на Флин.
Флин во тој период не беше државен функционер, нему демократски претседател Барак Обама во 2014 година му даде отказ од функцијата директор на воената Одбранбена разузнавачка агенција (DIA) по поплаките околу неговиот начин на раководење.
Не е утврдено дали Мајкл Флин и рускиот амбасадор Сереј Кислјак, кој подоцна присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20-ти јануари, расправале за споменатите санкции. Американскиот закон од XVIII век, познат како „Логан Акт“, им забранува на неовластени американски граѓани да преговараат со странски влади кои се во спор или судир со САД. За споменатите телефонски разговори први извести колумнистот на Тhe Washington Post, Дејвид Игнатиус.
Во овој случај постоеле три серии меѓу комуникации меѓу Флин и Кислјак, од кои барем една е текстуална порака. Првата била на 18-ти декември, а последната на 30-ти декември, ден откако се наметнати санкциите против личности кои рускиот амбасадор ги познава, всушност според Американците шпиони коишто се претставувале како дипломати.
Потоа, тука е политичкиот контекст: САД сакале да знаат поради што Русија одлучила дека нема да донесе противмерки за санкциите, кои се насочени и кон девет личности и двете разузнавачки организации, пишуваше во својот осврт на овој случај претходно седмицава американскиот магазин Foreign Policy./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

