Контакт

Свет

(Oд минута во минута) Зеленски остро до Бајден – ЕП препорача Украина да добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Објавено пред

Шести ден на руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Во Украина продолжуваат борбите. Нови разговори се закажани за в среда. Белоруската делегација ќе го промени својот состав.
Европскиот парламент усвои резолуција со која се осудува руската инвазија на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин не се обрати, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ги повика земјите од ЕУ на помош.

Клучни настани:
Путин потпиша нов указ – специјални мерки против санкциите од Западот
ЕП препорача Украина да добие кандидатски статус за членство во ЕУ
Украинскиот претседател Зеленски се обрати пред Парламентот на ЕУ на вонредна седница
Зеленски остро се обрати до Бајден – кажи нешто корисно
Русите го ракетираа главниот плоштад во Харков
Голем руски конвој, кој сега е долг околу 64 километри, се приближува до Киев
Украинскиот парламент на социјалните мрежи објави дека белоруската армија влегла на територијата на Украина
Одржана е првата рунда преговори меѓу Русија и Украина

Најновите вести од минута во минута:

22:25 Путин потпиша нов указ – специјални мерки против санкциите од Западот

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за дополнителни привремени економски мерки за обезбедување на финансиската стабилност на Русија, соопшти Кремљ.

„ Од 2 март 2022 година, се забранува извоз на готовина во странска валута и (или) монетарни инструменти во странска валута во износ од повеќе од 10.000 американски долари пресметани по официјалниот курс на Централната банка на Русија, утврден на денот на повлекување“, се вели во соопштението.

21:20 Анкара не планира да воведе санкции против Русија

Анкара не планира да воведе санкции кон Москва за да го задржи отворен каналот за комуникација со Русија, изјави советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

20:30 Блинкен: Да ѝ се одземе членството на Русија во Советот за човекови права

Обраќајќи се пред Советот во Женева, Блинкен рече дека итната седница на телото за Украина, закажана за четврток, која ќе започне меѓународна истрага за кршењето на човековите права во Украина преку резолуцијата предложена од Киев и неговите сојузници, е важен чекор кон воспоставување документација и повикување на одговорност.

„ Мораме да испратиме решителна, единствена порака дека претседателот Владимир Путин мора да ја прекине оваа акција без да поставува услови“, рече Блинкен.

20:15 Зеленски до Бајден: Кажи нешто корисно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот претседател Џо Бајден да каже нешто „корисно“ за неговата влада и да избегне нејасни изјави за поддршка.

Тоа го коментираше Зеленски неколку часа пред Бајден да се обрати на заедничката седница на Конгресот.

19:10 Европскиот парламент препорача Украина да добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Европскиот парламент препорачува Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Одлуката уследи по говорот на претседателот Владимир Зеленски во парламентот, каде што тој ја повика ЕУ да „докаже“ дека Унијата е со Украина.

18:30 Има загинати и повредени во гранатирањето на телевизиската кула во Киев

Најмалку пет луѓе загинале, а пет се повредени во бомбардирањето на телевизиската кула во Киев, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Би-би-си пак пренесува изјави на украинските власти кои исто така зборуваат за петмина загинати.

18:00 Украина призна дека може да ја нападне Белорусија – Лукашенко побара од Путин С-400

Украина може да изврши превентивен ракетен напад врз Белорусија, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов.

„ Нашите трупи во моментов ја уништуваат руската воена опрема и ресурси што се достапни во нашата земја денес. Доколку е потребно, доколку се донесе одлука на врховниот командант, таа ќе биде прифатена“, изјави тој на ТВ каналот Украина 24.

17:20 Гранатирана телевизиската кула во Киев

На социјалните мрежи се појави видео од нападот на киевската ТВ кула.

Автентичноста на видеото ја потврди и Би-Би-Си, а на неа се гледа како била погодена кулата висока 385 метри (најверојатно со проектил).

16:57 Нова количина на оружје пристигна во Украина

Противтенковски ракетни фрлачи денеска пристигнаа во Украина. Оваа вест беше споделена на Твитер.

16:48 Лавров: Западот ја загуби контролата – тие го истураат својот гнев врз Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека примерот на Украина покажува во што се претвора светскиот поредок според правилата на САД и нивните сојузници.

„ Главната причина е што САД и нивните сојузници продолжуваат агресивно да го наметнуваат таканаречениот „светски поредок заснован на правила“ на другите учесници во меѓудржавната комуникација. Во што се претвора овој „поредок“ за човекови права е добро илустрирано со примерот на Украина“, рече министерот Лавров во своето видео обраќање на состанокот на Советот за човекови права на ОН, пренесува „Спутник“.

Лавров изјави дека Западот, во обид, како што наведе, да го истури гневот врз Русија, очигледно изгубил контрола над себе.

16:45 Британска министерка: Ги повикувам државите да ги осудат ужасните постапки на Русија

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус денеска на седница на Советот за човекови права на ОН изјави дека Русија станува глобален отпадник и ги повика земјите дополнително да ја изолираат Москва поради руската инвазија на Украина.

16:35 Кличко: Русите се на периферијата на Киев, ќе се бориме

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, во видео порака предупреди дека руските сили се на периферијата на Киев, додавајќи дека украинската армија е подготвена да го брани главниот град.

15:45 За утре закажана втората рунда преговори меѓу Русија и Украина

Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина е закажана за утре, јави руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на извор од руска страна.

15:30 Кинескиот министер за надворешни работи го повика својот украински колега, длабоко жали за конфликтот

Шефот на кинеската дипломатија разговараше со својот украински колега и повика на решение на кризата преку преговори, објавија кинеските државни медиуми, пренесоа агенциите.

15:00 Бункерите на Путин и Бајден, таму би се засолниле во случај на нуклеарна војна

Русија и Америка се во состојба на остра конфронтација. Имаат ли шефовите на држави каде да се кријат во случај на нуклеарна војна? Се разбира, но тоа не се ВИП подруми, како што обично се мисли, пренесува Правда.ру.

14:56 Руското министерство најави дека ќе напаѓа цели во Киев

Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвува за напад врз мети во главниот град на Украина, јавува Би-Би-Си.

Во соопштението објавено попладнево, руските власти најавија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „напади со висока прецизност“ врз технолошките центри на украинската служба за безбедност.

14:45 Џонсон: Ќе обезбедиме 200 милиони фунти и ќе им олесниме на Украинците во Велика Британија да ги донесат своите роднини

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека владата на Британија ќе им олесни на Украинците кои веќе се на Островот да ги доведат своите роднини.

14:27 Претставникот на Киев во ОН: Ако Украина не преживее, нема да преживее ниту светскиот мир

На специјална седница на Генералното собрание на ОН, Украина и западните земји апелираа до меѓународната заедница да ја поддржи нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН со која се осудува руската инвазија на Украина и се повикува на итен прекин на огнот.

14:21 Македонското семејството со бебето на пат да ја напушти Украина

Министерот за наворешени работи Бујар Осамни информираше дека семејството Спирковиски кое беше заглавено во Хараков со новороденче старо неколку дена е на пат да ја напушти Украина.

14:03 Борис Џонсон: Треба да се подготвиме за милиони бегалци од Украина

Британскиот премиер, Борис Џонсон, предупреди на ескалација на хуманитарна криза поради руската инвазија на Украина, велејќи дека може да се очекуваат милиони бегалци.

14:00 Страшни фотографии од Харков по бруталниот руски ракетен напад

Објавени се фотографии од плоштадот „Слобода“, главниот плоштад во Харков, кој утрово во 7 часот беше погоден од руска ракета.

13.54 Герашенко: Режимот на Путин сега ќе биде во целосна економска изолација, нека се удави во нафта и гас

Во Руската Федерација нема откуп на нафта и гас! Нека се удави Путин во нив!

13.51 Велика Британија со закон го забрани влезот на руските бродови

Обединетото Кралство денеска објави дека усвоила закон со кој се забранува влез во нејзините пристаништа на сите бродови кои имаат каква било врска со Русија

13.49 Обединети Арапски Емирати: Москва има право да ја зачува својата национална безбедност

Престолонаследникот на Абу Даби и заменик врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан изјави дека Москва има право да ја заштити својата национална безбедност

13:48 Шокантни сцени од главната железничка станица во Киев, луѓето во паника се обидуваат да избегаат

„Неподносливи сцени на главната железничка станица во Киев. Стари лица, деца, инвалиди, домашни миленици. Овој воз е веќе полн. Луѓето се плашат дека ова е нивната последна шанса да избегаат“, напиша новинар на Гардијан.

13:37 ОН: Во Украина убиени 136 цивили, меѓу кои 13 деца
Најмалку 136 цивили загинаа, меѓу кои 13 деца, додека 400 се повредени од почетокот на руската воена интервенција во Украина, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.

13.20 Зеленски пред Европскиот парламент: Ја докажавме нашата сила, а вие докажете дека нема да не оставите

Ние се бориме, се бориме само за нашата земја и нашата слобода. Од денеска секој плоштад кај нас ќе се вика „Плоштад Слобода“. Никој нема да не скрши. Ние сме Украинци – рече Зеленски

13.10 Зеленски: Украинците ја плаќаат цената бранејќи ја слободата

Не можам да кажам добро утро, добар ден или добра вечер. Затоа што секој ден за некои луѓе овој ден не е добар. За некои луѓе ова е последен ден – рече тој.

13.00 Рускиот премиер: Им забрануваме на западните компании да ја напуштат Русија

Рускиот премиер Михаил Мишустин најави нова мерка со која Русите се обидуваат да се борат со санкциите.

„Привремено ќе им забраниме на западните компании да го напуштат нашиот пазар“, рече Мишустин во денешното обраќање.

12:58 Дипломати на ЕУ, САД и Велика Британија го бојкотираа говорот на Лавров на форумот за човекови права на ОН

Десетици дипломати од Европската унија, САД и Велика Британија го бојкотираа говорот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот на највисокиот форум за човекови права на ОН. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на анонимен извор.

 

12.57 Остра порака на Медведев до францускиот министер за финансии: Внимавајте што зборувате!

Францускиот министер денеска рече дека ни објавија „економска војна“. Внимавајте што зборувате, господа! И не заборавајте дека економските војни во историјата на човештвото честопати се претворија во вистински“, напиша Медведев на Твитер.

12.52 Литванскиот претседател: Ниту една земја во Европа не може да се чувствува безбедна кога е Путин во прашање

Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека ниту една земја во Европа не може да се чувствува безбедно кога е во прашање претседателот Путин, бидејќи руската инвазија на Украина влезе во шестиот ден

12.50 ЕУ почна да размислува за членство на Украина

Европската унија официјално ја прифати апликацијата на Украина за членство во ЕУ.

12:48 Псаки: Бајден нема да испраќа американски војници во војна со Русија во Украина

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека американскиот претседател Џо Бајден нема да испрати американски војници да се борат против Русија во Украина.

12:43 Столтенберг: Путин го уништи мирот во Европа

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го уништил мирот во Европа со инвазијата на Украина.

„Западната алијанса ќе ја брани секоја педа од нашата територија“, додаде Столтенберг.

12:40 Денеска заседава Европскиот парламент – ќе се гласа за Резолуцијата за руската агресија

Пратениците на Европскиот парламент денеска на вонредна седница ќе расправаат за ситуацијата во Украина, а потоа ќе гласаат за Резолуцијата за руската агресија врз Украина.

Нацрт-резолуцијата, покрај острото осудување на „воената агресија на Русија“, поддршката за Украина и повикувањето на ЕУ да ги зајакне санкциите против Москва, содржи и параграф во кој Европскиот парламент укажува на последиците од непочитувањето на санкциите на ЕУ од страна на Србија.

12:30 Македонија нема да испраќа војници во Украина

Македонија нема да испраќа војници во Украина, посочи министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Таа не можеше да открие каква воена опрема се испраќа до воените жаришта во Украина, ниту да каже што стои во класифицираното барање испратено до повеќе земји, меѓу кои е Македонија.

12.25 Лавров: Русија мора да ја спречи Украина да се здобие со нуклеарно оружје

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска им се обрати на медиумите, велејќи дека она што се чини дека се човекови права е приказ на Украина и тоа е токму политиката на квалитативниот Запад на чело со Вашингтон, кој го наведе режимот во Киев да започне војна против своите граѓани во 2014 година.

12:20 Во Австрија страв од нуклеарен напад, во аптеките има недостиг од таблети калиум-јодид по окупацијата во Чернобил

Во Австрија, по руската окупација на областа околу украинската нуклеарна централа Чернобил и ставањето на руските нуклеарни сили во готовност, зголемена е вознемиреноста и побарувачката за таблети калиум-јодид, објавија утрово австриските медиуми.

12:14 Кремљ: Рано е да се оценува успехот на преговорите 

Кремљ соопшти дека е премногу рано да се оцени успехот на преговорите со Украина.

Преговорите вчера траеја со часови на белоруската граница, а треба да продолжат и на полската граница, но не се знае точно кога.

12:08 Украина: Белоруската војска влезе на нашата територија

Украинскиот парламент на социјалните мрежи објави дека белоруската армија влегла на територијата на Украина,

„Белоруските војници влегоа во регионот Чернигов“, се наведува во објавата.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

12:00 Што ќе прави Европа без рускиот гас?

Европскиот парламент е подготвен да повика на ограничувања низ ЕУ за увозот на руска нафта и гас во блокот, бидејќи бара уште построги санкции насочени кон „стратешко слабеење“ на руската економија и способноста за водење војна.

11:45 Огромни притисоци врз Србија, немаме причина да ја подигаме борбената готовност

Притисоците врз Србија се огромни и ќе биде многу тешко да се издржат, изјави денеска претседателот Александар Вучиќ, но изрази уверување дека земјата ќе успее да се спротивстави на сите притисоци. Запрашан да го коментира прашањето на хрватската РТЛ, „до кога ќе му биде дозволено на Вучиќ да седи на две столчиња, и во Брисел и во Москва“, Вучиќ повтори дека Србија има само едно, свое столче, но и посочи дека се изложени на големи притисоци, пренесуваат српските медиуми.

11:44 Спасувачите ги пребаруваат урнатините на Харков – тажни сцени од центарот на гранатираниот град

11:25 Убиен индиски студент во рускиот напад во Харков

Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи Ариндам Багчи на Твитер потврди дека студент од Индија бил убиен во рускиот напад утринава врз Харков.

11.23 Шојгу: Украина користи цивили како жив штит

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја обвини Украина за користење на цивилите како жив штит

11:20 САД: Путин е бесен и фрустриран, нема повеќе добри опции

Американските разузнавачки агенции проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е се повеќе фрустриран од неуспесите на неговата армија во Украина, пренесуваат американските медиуми.

11:10 Москва: Америка да го врати дома своето нуклеарно оружје

Распоредувањето на нуклеарното оружје на САД во Европа е неприфатливо за Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој рече дека е време Америка да го врати оружјето домa.

10.55 Лавров: Американското нуклеарно оружје во Европа е неприфатливо за Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американското нуклеарно оружје во Европа е едноставно неприфатливо за Москва.

10.51 Американскиот режисер Оливер Стоун со поддршка за Путин

Американскиот режисер Оливер Стоун ја поддржа руската специјална операција во Украина.

10.49 Француски министер: Почнуваме целосна економска војна против Русија

Русија ќе се соочи со колапс на нејзината економија како резултат на западните санкции кои ја казнуваат Москва за нејзината инвазија на Украина, изјави денеска францускиот министер за финансии

10.48 Зеленски ги обвини силите на Путин дека употребуваат забранети бомби

Украинскиот претседател ја обвини Русија за воени злосторства откако силите на Владимир Путин започнаа напади за кои се верува дека користеле касетни и вакуумски бомби во обид да го сменат текот на конфликтите што ги губат досега

10:44 „Виза“ и „Мастеркард“ ги блокираа руските финансиски институции

„Виза“ и „Мастеркард“ блокираа неколку руски финансиски институции од нивната мрежа по санкциите воведени поради руската инвазија на Украина.

10:20 – YouTube ги блокира руските медиуми

YouTube ги блокира каналите поврзани со руските државни медиуми RT и Sputnik низ Европа поради инвазијата на Украина.

10:28 Страшна снимка од експлозијата во Харков

10.08 Лукашенко: Белорусија нема да се приклучи на инвазијата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави за државните медиуми дека неговите сили нема да им се придружат на руските војници во инвазијата на Украина.

10.05 Руските војници продолжуваат да ја уништуваат опремата на вооружените сили на Украина

Војниците на Русија и Донбас продолжуваат да ја уништуваат опремата на вооружените сили на Украина.

10.00 Лукашенко: Системите за противвоздушна одбрана ставени на подготвеност

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека сите системи за противвоздушна одбрана во таа земја се ставени на подготвеност.

09:55 Кулеба по нападот на Харков: Целосно изолирајте ја Русија, Путин прави воени злосторства од гнев

Украинскиот министер за надворешни работи повика на дополнителни меѓународни санкции против Русија по, како што рече, варварскиот напад врз Харков.

09:50 Украина тврди дека биле убиени 5.710 припадници на руските сили

Генералштабот на украинската армија соопшти дека руските сили кои ја нападнале Украина изгубиле 5.710 војници, јавува Анадолија.

Генералштабот излезе со соопштение за загубите на руската страна во изминатите пет дена. Беше посочено дека загинале 5.710 руски војници кои ја нападнале Украина, а 200 биле заробени

09:47 Најмалку шест лица се повредени во експлозијата во Харков, од кои едно дете

Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и едно дете, во експлозија во вториот по големина град во Украина, Харков, соопшти денеска Украинската државна служба за вонредни состојби за Телеграм, пренесува Си-Ен-Ен.

Експлозијата ја уништи владината зграда, според снимките од инцидентот објавени од Министерството за надворешни работи на Украина (МНР) и претставници на украинската влада.

09:45 Нови снимки – Огромен руски воен конвој се доближува до Киев

Нови сателитски снимки од Максар го покажуваат огромниот руски воен конвој на пат кон Киев.

09:40 Македонско семејство со новороденче заглавено во Харков, МНР се обидува да ги евакуира

„Има семејство со петдневно бебе во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија. Во постојана комуникација сме со нив. Не можеле да одговорат на повикот, бидејќи чекале породување. Имаме комуникација со многу држави, за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, да го извлечеме тоа семејството“, посочи Османи.

09:30 Заменикот на Џонсон: Воените злосторници во Украина ќе одговараат

Британскиот вицепремиер Доминик Раб денеска изјави дека секој што учествува во воените злосторства во Украина ќе одговара.

„Ова се претвора во многу поопасен проблем за Путин отколку што тој мисли“, изјави Раб за Скај њуз, според Ројтерс.

– Мислам дека бевме многу јасни кога кажавме дека за тоа ќе одговараат оние кои учествуваат во воени злосторства – рече тој.

09:22 Русите гранатираа родилиште во близина на Киев

Родилиштето се наоѓа во Бузова на автопатот Житомир, каде што се водат тешки борби. Сите луѓе се евакуирани од зградата, пишува „Киев Индипендент“

09:20 Столтенберг: НАТО не планира да влезе во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека алијансата нема да се пресели во Украина, ниту на земја, ниту во воздух, додека руската инвазија продолжува

09:18 Русите ракетираа град на 15 километри од Полска

Луѓето кои живеат во близина на најисточната точка на Полска утринава ги разбуди ракетен напад извршен во близина на украинскиот град Володимир

09:15 Русија одговара на швајцарските санкции со забрана на летови

Русија забрани на авиони регистрирани во Швајцарија да влезат во нејзиниот воздушен простор, соопшти денеска Федералната управа за воздухопловство

09:12 На Путин му беше одземен црниот појас во таеквондо

На рускиот претседател Владимир Путин му беше одземен почесниот црн појас во теквондо поради нападот на неговата земја врз Украина, соопшти Светската таеквондо федерација.

Теквондо федерацијата со седиште во Сеул, повикувајќи се на своето мото „Мирот е поскапоцен од триумфот“, ја осуди воената акција на Русија во Украина, велејќи дека „бруталните напади врз невини животи“ ги нарушуваат спортските вредности на почит и толеранција, пренесува Ројтерс.

09:10 Стоп за цртаните на Дизни во Русија

Волт Дизни во понеделникот соопшти дека ги прекинува прикажувањата на филмовите во Русија, вклучително и претстојното издание на студиото за анимација Пиксар „Turning Red“, наведувајќи ја како причина инвазијата на Украина.

09:03 Џонсон: Путин мора да пропадне

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин мора да пропадне. Џонсон вети дека Велика Британија „ќе продолжи да врши максимален притисок“ врз Русија.

Активностите на Велика Британија и нејзините западни сојузници ќе се погрижат Владимир Путин” да ги почувствува последиците од неговите постапки. Зборуваме со еден глас кога велиме – Путин мора да пропадне – рече Џонсон.

09:00 (Видео) Меден месец со пушки: украински младенци облекоа камуфлажни одела по венчавката

Само неколку часа по нивната венчавка на првиот ден од руската инвазија, Украинците Јарина Ариева и Свјатослав Фурсин се вклучија во борбата за одбрана на својата земја.

Двојката требаше да се венча во мај, но тие побрзаа да извршат церемонија во Киев минатата недела кога Русија започна инвазија, за сега да се приклучат на украинскиот отпор.

Во камуфлажни јакни со пушки, Јарина и Свјатослав раскажаа за Си-Ен-Ен како го поминале својот меден месец во градот под опсада и земале оружје за да се борат против руските трупи.

08:46 (Видео) Силен воздушен удар на плоштадот во Харков

Видео на кое се гледа експлозија на главиот плоштад во Харков, вториот по големина украинска град е објавено на социјалните мрежи.

На плоштадот на Слободата во Харков се наоѓа седиштето на локалната влада.

Напдот според тоа што може да се види на видеото од надзорна камера се случил во 7 часот и две миннути по средноеврпско време. Не е познато дали има жртви и повредени.

08:28 Пoлска: Околу 350.000 луѓе влегоа во земјата од почетокот на инвазијата

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска утринава изјави дека околу 350.000 луѓе од Украина влегле во Полска од почетокот на руската инвазија на Украина минатата недела.

08:25 Украина потврди: Најмалку 70 украински војници загинаа во напад на воена база

Украинските власти потврдија дека најмалку 70 војници загинале во руски ракетен напад врз нивната воена база.

Нападот се случи синоќа во Охтирка, во регионот Суми, кој во моментов е под опсада на руските сили.

Утрово спасувачите и итните служби се уште вршат увид на урнатините обидувајќи се да најдат преживеани.

Украинскиот парламент им оддаде почит на војниците преку твит и напиша дека војниците биле убиени од проектили од градот. Вечна слава на хероите на Украина“, напиша парламентот на Твитер.

08: 22 Северна Кореја: САД се виновни за руската инвазија ВО Украина

Северна Кореја ги обвини „американските и западните политики на хегемонија“ за руската инвазија на Украина во соопштението објавено од портпаролот на Министерството за надворешни работи.

„Основната причина за украинската криза целосно лежи во хегемонистичката политика на САД и Западот, кои се впуштаат во грубост и самоволие кон другите земји“, рече портпаролот.

08:20 Украинскиот амбасадор: Ова е крај на теророт и окупацијата на претседателот на безбедносниот совет 

Украинскиот амбасадор во ОН Сергеј Кислица го поздрави крајот на руското претседателство со Советот за безбедност на ОН. Руското претседателство траеше во февруари како дел од редовна ротација, па рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија до полноќ беше претседател на Советот.

Непосредно пред полноќ, Кислица на Твитер напиша: „Се радувам на полноќ, кога ќе заврши ова злосторство, окупацијата на функцијата претседател на Советот“.

Овластувањата на Советот за безбедност на ОН вклучуваат воспоставување мировни операции, наметнување меѓународни санкции и одобрување воени дејствија.

08:13 Повеќе од 70 украински војници убиени во напад на воена база

Повеќе од 70 украински војници загинаа откако руската армија со проектили ја погоди воената база во Охтирка, град меѓу Харков и Киев, напиша шефот на регионот на „Телеграм“.

Дмитро Живицкиј објави фотографии од јагленисани остатоци од четирикатница и спасувачи кои ги пребаруваат урнатините. Во подоцнежната објава на Фејсбук, тој рече дека многу руски војници и некои локални жители исто така биле убиени за време на борбите во неделата, што досега не е независно потврдено.

08: 13 Напад на Херсон

Украинската државна информативна служба соопшти дека почнал напад врз јужниот украински град Херсон.

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици беа повредени во нападите на Харков во понеделникот. Уништени се 87 станбени објекти.

08:11 Огромен руски конвој долд 64 километри до Киев

Според сателитски снимки, руските војници напредувале кон главниот град. Рускиот воен конвој кој се движи кон Киев сега е долг речиси 64 километри.

Ова го покажуваат снимките на американската сателитска компанија Maxar. Конвојот се приближува до главниот град Киев, кој се уште е под контрола на украинската влада.

Ситуацијата околу Киев се уште е тензична, соопшти на Фејсбук штабот на украинската војска.

Свет

Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура

Објавено пред

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.

dobivaj vesti na viber

„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.

Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.

Прикажи повеќе...

Свет

Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка

Објавено пред

Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.

За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.

САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.

Прикажи повеќе...

Свет

Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај

Објавено пред

Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.

Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.

Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската...

Македонија5 часа

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија7 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија9 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија10 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија10 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија10 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија13 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје14 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа15 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет15 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет15 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија23 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...