Свет
Од 2000-та во уривања на авионите „Ту-154“ загинале над 800 луѓе

Повеќе од 800 луѓе од 2000 година загинале во падовите на авионите од типот „Ту154“ од советска конструкција, без да биде вклучена и најновата несреќа во која во неделата загинаа сите 92 патника и членови на екипажот во авионот на руското министерство за одбрана на летот од руското одморалиште Сочи за Сирија.
Рускиот авион превезувал 84 патници, новинарски екипи, хуманитарни работници меѓу кои и познатата Елисавета Глинка позната како „доктор Лиза“ директорка на добротворната фондација „Справедлива помош“, воени службеници и членови на воениот оркестар „Александров“, а се урна во водите на Црното Море во неделата во близина на Сочи во јужна Русија, откако таму накусо слетал за да се снабди со гориво и го продолжил летот кон руската воена база „Хмејмим“, недалеку од Латакија во Сирија.
Авионот со три мотора од моделот „Т-154“ е проектиран во 60-те години од минатиот век за превезување на повеќе од 150 лица по во тоа време неасфалтираните писти на рускиот Далечен исток, и со децении беше основата на советскиот внатрешен воздухопловен сообраќај.
Произведени се повеќе од илјада такви авиони, меѓутоа руските власти по низата несреќи дефинитивно во 2011 година наредија повлекување на авионите „Ту-154“.
Во последните петнаесет години се случија повеќе од десет воздухопловни несреќи на авионите од овој модел, вклучително и падот во кој во 2010 година загина тогашниот полски претседател Лех Качински со уште 95 највисоки полски државни функционери крај рускиот град Смоленск.
Меѓународната истрага спроведена за падот на полскиот претседателски авион покажа дека најверојатно е резултат на пилотска погрешна процена во тешки метеоролошки прилики, но и дека моделот на авионот е доста застарен.
Руската национална воздухопловна компанија „Аерофлот“ неколку месеци пред таа несреќа најави дека ја повлекува својата флота „Ту-154“ авиони, а ја наследи моделот „Ту-204“, кој може да превезува повеќе од 200 лица. Авионите „Ту-154“ денес ретко се користат во цивилната авијација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Холандија се уште е против продолжувањето на Шенген

Холандскиот премиер Марк Руте и австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараа за миграцијата во четвртокот во Виена и порачаа дека заеднички ќе бараат решенија во борбата против илегалната миграција на вонредниот самит на ЕУ закажан за почетокот на следниот месец, објави денеска „Romania Journal“.
Како што е наведено, премиерите на двете земји останаа против проширувањето на Шенген
„Ние сме обединети во нашиот приговор за продолжување на Шенген во овој момент“, рече австрискиот канцелар.
Премиерот на Холандија посочи дека сега ЕУ има многу проблеми, вклучувајќи го Шенген, Фронтекс, Даблинскиот систем и репатријациите.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Регион
Европската Унија бара oд Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

Европската Унија бара од Босна и Херцеговина како земја кандидат да воведе визи за граѓаните на Русија, потврдија за порталот „Радиосарајево.ба“ од Делегацијата на Европската Унија во Сараево.
Фердинанд Коениг, портпаролот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, истакна дека Делегацијата на ЕУ очекува Босна и Херцеговина да ги почитува надворешната, безбедносната и визната политика на ЕУ.
„Последниот извештај објавен во октомври кажува многу за усогласувањето на надворешната политика“, додава Коениг.
Откако БиХ стана кандидат за членство во Европската Унија, прашањето за усогласување со визната политика на ЕУ доби важност и Делегацијата на ЕУ очекува тоа прашање да се најде на дневен ред.
БиХ има безвизен режим и со Турција, Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Катар и со Оман.